Денес гласно кажавме СРЕЌЕН ПОЧЕТОК на сите наши првачиња.
Чувствуваме радост, но и привилегија затоа што токму нашето училиште ќе ги воведе во светот на другарувањето, знаењето и играта.
Сонувајте безгрижно, учете трпеливо, чекорете храбро, постигнувајте успеси гордо!
"Европска недела на мобилност"
16-22 Септември
И оваа година нашето училиште ја одбележа ,,Европска недела на мобилност," со низа активности на учениците во училница и надвор, преку разни пораки и вежби.
26.09.2023
По повод ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА СПОРТОТ, во нашето училиште беа организирани спортско-едукативни игри и активности поврзани со вежби за оформување и истегнување на мускулите на телото и превентивни и корективни вежби за деформитети во предпубертетен период со помош на ластици каде главен покровител е Агенција на млади и спорт на Република Македонија, од кои имаме донација од спортска опрема.

ДЕТСКА НЕДЕЛА 2023
"Јас и светот околу мене"
02.10.2023
Најубавиот подарок нашето училиште денес го доби од своите најмали уметници, нивните цртежи најубаво говорат за тоа каков свет посакуваат децата, свет во кој боите на виножитито ги отсликуваат нивните чувства.
Активност на учениците од прво одделение: цртање на пораки во училишниот двор.

03.10.2023
Љубопитноста и радоста овој ден ги красеа лицата на нашите ученици, театарската претстава не ги остави рамнодушни детските срца, останаа воодушевени од секоја улога, од секој театарски лик. Денес научивме дека театарот е место на сплотеност каде магијата оживува, а бајките се реалност.

04.10.2023
Низ спортските активности се забавуваме, играме и учиме да се почитуваме. Натпреварувачкиот дух денес не доминираше, детската смеа ги исполни нашите срца.

05.10.2023
Оваа недела праќаме пораки исполнети со многу детски соништа, желби и копнежи, пораки кои извираат од искрените детски срца, пораки кои го опишуваат светот околу нас, светот каков што го восприемаат детските очи.

06.10.2023
Светот е убаво место за живеење бидејќи детските срца во него се непресушен извор на љубов, нивната смеа - најубава мелодија. Светот нека биде реалност во која децата ќе си подаваат рака.
Свечен прием на првачињата во Детската организација.

Посета на НЛБ Тутунска банка по повод детска недела и октомври - месец на штедење.
Посета на НЛБ Тутунска банка по повод детска недела и октомври - месец на штедење.
05.10.2023
Нека е честит Светскиот ден на наставниците!
05.10.2023
Посета и бесплатно зачленување на учениците од второ одделение во Градската библиотека при Дом на култура - Свeти Николе
09.10.2023
Презентација за регрутација на нови волонтери во клубот на млади при Црвен Крст Свети Николе, за учениците од VIII и IX одделение.

10.10.2023
Менталното здравје е основно човеково право! - мото на Светскиот ден на ментално здравје, 10 октомври.
Стручната служба го одбележа овој ден, реализирајќи работилници со ученици од V и VI одделение со цел да се подигне свеста за важноста на менталното здравје.

16.10.2023
16 октомври - Светскиот ден на храната, одбележан со ликовна работилница под мотото: "Водата е живот, водата е храна. Никој да не биде изоставен".

16 октомври - Светскиот ден на храната, одбележан со повеќе активности: изработка на пирамида на исхрана, презентација за здрава храна, читање на совети за здрава храна на најмалите ученици од нашето училиште, со цел стекнување на здрави навики за живот.

На 18.10.2023 се одржа општински натпревар во футсал (машки) на кој учествуваа ООУ „Свети Кирил и Методиј“, ООУ „Гоце Делчев“ и ООУ „Даме Груев“.
ООУ „Свети Кирил и Методиј“ го освои првото место по убедливите победи:
ООУ „Свети Кирил и Методиј“ – ООУ „Даме Груев“ 8 : 0
ООУ „Свети Кирил и Методиј“ – ООУ „Гоце Делчев“ 7 : 0

22.10.2023
И оваа година во нашето училиште се одбележа Неделата на италијанскиот јазик во светот на тема: "Италијанскиот и одржливоста". Учениците активно се вклучија во изработка на постери и пораки.

25.10.2023
Ѕидовите од училишната спортска сала изминативе денови беа слободен простор за креација на дел од наставничкиот кадар, по иницијатива на наставникот Иле Михајловски. Со овој потег нашето училиште доби уште еден безвременски подарок, а нашите ученици поубава атмосфера за развивање на спортскиот дух. Им благодариме на сите оние кои не штедеа од своето драгоцено време и дадоа придонес во реализацијата на оваа идеја.

26.10.2023
Посета на ликовна изложба на доајенот на македонската ликовна уметност Родољуб Анастасов во Народен Музеј Свети Николе. Во склоп на посетата организиравме ликовна работилница со учениците од 7. одделение кои го изучуваат предметот Проекти од ликовната уметност.

27.10.2023
Месец на книгата 2023
Дел од учениците од библиотекарската секција учествуваа во уредување на паноата.

Ликовна работилница со мотото "Книгата и јас".

На 6.11.2023 год. (понеделник) во Спортската сала “Цар Самуил“, во организација на здружението на Општински сојуз на училишен спорт се одржаа натпревари во кошарка (женски) – основно образование помеѓу ООУ “Гоце Делчев“ - ООУ “Кирил и Методиј“ и ракомет (женски): ООУ “Гоце Делчев“ - ООУ “Кирил и Методиј“.
14.11.2023
Светскиот ден за дијабет е најголемата кампања за подигнување на свесноста.
Наше право е здравата иднина. Со цел да ја зголемат свесноста за ризикот од дијабет учениците и вработените од нашето училиште реализираа есенски излет-пешачење до археолошкиот локалитет "Била Зора".
Здравјето пред сѐ!

15.11.2023
Месец на книгата 2023
Во просториите на нашето училиште денес се одржа завршната манифестација по повод Месецот на книгата под мотото ,,Книгата и јас". Низ стихови, мудри мисли, драматизација и песна нашите ученици уште еднаш порачаа дека со книгата треба да другаруваме секој ден, а не само еден месец во годината.
Другарувајќи со книгата учениците ја проширија својата фантазија и творејќи создадоа убави творби, од кои најдобрите три беа наградени.

17.11.2023
Посета на изложбата од Лесновската ликовна колонија 2023 год. и по инспирација од делата учениците од проекти од ликовната уметност работеа на лице место во Домот на културата "Крсте Мисирков".

20.11.2023
Децата се нашиот живот, најголемо богатство, наша радост, гордост, наша иднина.
Вложувањето во децата е вложување во иднината, тие имаат право да се воспитуваат, да учат, да се надоградуваат за да создадат поубав свет. Свет поличен, убав, каде во секое детско срце ќе трепери среќа и ќе царува љубов.
Проширувајќи ги знаењата за нашето културно-историско наследство го прославивме 20. ноември - Светски ден на детето.

На 22.11.2023 год. учениците од VII-1 одд. го посетија Едукативниот центар за зачувување на природата во с.Негрево каде што активно учествуваа во работилницата „Истражи го барскиот екосистем". Оваа работилница е дел од Мрежата за искуствено учење.
Работилницата се состоеше од активности на терен на природната бара Езерце која се наоѓа во самиот град Пехчево и мини баричката во Едукативниот центар, како и набљудување и анализа на собраните материјали од терен.

29.11.2023
Одбележување на месец за борба против зависности.
На часовите по одделенска заедница нашите ученици реализираа работилници во кои што ги истакнаа штетните влијанија и последиците од зависностите со цел да се подигне свеста за на намалување на користењето на истите.

01.12.2023
Трибина за меѓуврсничкото насилство-Булинг под мотото ,,СТОП ЗА ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО“.

4.12.2023
3 Декември - Меѓународен ден на лицата со посебни потреби
Учениците од шесто одделение на часот по англиски јазик го одбележаа овој ден преку активност за изучување на знаковниот јазик. Голема помош во активноста учениците добија од соученичката Елена Данаилова која го познава знаковниот јазик.
Стручната служба од училиштето организираше активност во која беа вклучени учениците со посебни образовни потреби, заедно со нивните асистенти со мото: ,,Дарувај љубов" со важни пораки насочени кон секојдневното однесување со лицата со попреченост.
Учениците од петто одделение преку пораки ни порачаа дека сонцето грее и никој не може да му забрани да ги грее сите.

05.12.2023
Работилница со учениците од прво до петто одделение на тема: „Како правилно да постапуваме во случај на пожар“, во соработка со ДПД, Свети Николе.

07.12.2023
Во чест на првиот македонски архиепископ, свети Климент Охридски, и оваа година нашите ученици му оддадоа должна признателност и благодарност на светителот наш со пригодна свечена манифестација. На тој начин упатуваме порака да го чуваме вечното пламенче на Светиклиментовото кандило, та заедно со целиот наш Богоблагословен народ да одиме во пресрет на полна животна радост.

14.12.2023
Во склоп на кампањата за врсничкото насилство ,,СТОП ЗА ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО“ и нашиот отворен Јавен повик, кординаторката за еднакви можности при Општина Свети Николе Ивана Димитрова, заедно со комисијата за еднакви можности на мажите и жените при Советот на општина Свети Николе одржаа работилница со свој гостин предавач - психотерапевт на тема БУЛИНГ. Работилницата ги опфати учениците од предметна настава, од секоја паралелека имаше по двајца претставници. Врсничкото насилство е проблем од пошироки размери, последиците од него, ако навремено не реагираме оставаат длабок печат на жртвата и потесното семејство.

20.12.2023
Работилница со учениците од IX одделение по предметот граѓанско образование за антикорупциска едукација во основните училишта на тема: Стекнување на основни знаења за корупција и антикорупција.

25.12.2023
Новогодишна претстава за деца
„Веселиот Дедо Мраз“
Театар Провокација
Новогодишна претстава за деца
„Веселиот Дедо Мраз“
Театар Провокација
28.12.2023
Весели, среќни и насмеани детски лица!!!
Дедо Мраз не изненади и ни приреди незаборавна забава.
Новогодишен настан организиран од Општина Свети Николе.

21.02.2024
Мајчиниот јазик – мојот корен, мојата душа и моето јас
Денес на мајчин јазик творевме, на мајчин јазик зборувавме, на мајчин јазик чувствувавме. Нашите ученици го одбележаа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик потенцирајќи ја посебноста на јазикот роден.

22.02.2024
Засади дрво-засади здравје!
Засади дрво-засади кислород!
Засади дрво-засади надеж!
Грижата за нашите ученици денес ја искажавме и преку организирање на едукативно предавање во рамките на еко-проектот за раст и развој на растенијата и се спроведе еко-акција за хортикултурно уредување на училишниот двор со садење на родни садници во која учествуваа ученици од предметна настава.

29.02.2024
По повод Ден на ретките болести, стручната служба одржа работилница под мото ,,Сподели ги твоите бои". Учениците од четврто одделение беа вклучени преку ликовна работилница со различни теми и презентирање на текстуален дел за тоа што значат ретките болести.

Посета на противпожарната станица на дел од учениците од 7 одделение. На посетата беа запознаени со професијата Пожарникар-спасител, со какви ПП возила располага и каква техничка опрема се користи при различни видови на интервенции.
Пожарна Свети Николе

04.03.2024
Работилница со ученици од 6 одделение, реализирана во соработка со полициски службеник од МВР на тема: Меѓуврсничко насилство - булинг.

05.03.2024
Инспиративни изработки од нашите ученици по повод 5 Март - Ден за заштеда на електричната енергија.

08.03.2024
Среќа е да се има ученици како нашите!
Почитувани припадници на понежниот пол, ООУ „Свети Кирил и Методиј“, Свети Николе, ви го честита празникот на жената со желби за добро здравје и радости безброј. Бидете сакани, вреднувани, почитувани, достоинствени!
Нашите златни ученици со своите вредни наставнички по повод празникот изготвија осмомартовски украси и честитки со цел да го честитаат празникот на жените во градот. По иницијатива на Ученички парламент, направивме и хуманитарна акција за помош на нашата Елена, со надеж поскоро да ни се врати здрава и насмеана во нашиот град. Иницијативата беше поддржана од координаторката за еднакви можности на жените и мажите од Општина Свети Николе, Ивана Димитрова.

14.03.2024
Учениците од нашето училиште се вклучија во одбележувањето на 14 Март, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МАТЕМАТИКАТА.
На часовите по ликовно образование учениците од 7. одделение нацртаа симетрични композиции, изработија творби со радијална симетрија налик на розетен прозорец и направија изложба.
Брзината и меморијата беа двата главни критериуми за победа во играта на најмногу меморирани математички поими, славни математичари, пораки и слично кои беа испишани во соодветните букви од македонската азбука.
Секој тим од ученици од 6,7,8 и 9 одделение со своја сопствена стратегија за победа, натпреварувајќи се научија и нови поими од математичкиот лексикон, а дел од нив и нивното значење беа презентирани на другите присутни ученици и истакнати на самите паноа.
Денес нашите ученици ја прикажаа важноста на математиката, која е извор што не пресушува, има уште многу да се учи и истражува и неуморно ќе не води во длабочината на нештата.

20.03.2024
Aujourd'hui est la Journée internationale de la Francophonie! Денес е Меѓународниот ден на Франкофонијата!
Во таа чест нашите млади франкофони подготвија своја изложба на францускиот јазик и уште еднаш пренесоа порака со која нагласија дека францускиот јазик е еден од најмелодичните јазици кој се зборува на 5 континенти и дефинитивно претставува јазик на отвореност кон светот.

На општинскиот натпревар во фудбал, учениците од нашето училиште го освоија ПРВОТО МЕСТО.
Честитки и многу успех на следните натпревари!

21.03.2024
Свесноста за зачувување на природата се вградува уште од најмала возраст. По повод 21 Март-Ден на екологијата и Ден на пролетта, нашите вредни ученици направија низа еко-акции. Се садеа родни и украсни дрвца, се разубави училишниот двор со цвеќе, се украсија паноата со изработките од најмалите, а дел од учениците со нивните наставнички со транспаренти и пораки продефилираа низ градот и на своите сограѓани им делеа еко-пораки со цел сите да се потсетиме од колкаво значење е развивањето на еко - свеста.
Посебна благодарност со градоначалникот на Општина Свети Николе, господин Дејан Владев кој ја поддржа нашата акција и со овој личен пример покажа како да се чува природата.