Сподели
ООУ „ КИРИЛ  И  МЕТОДИЈ “  -  Свети Николе
  • Дома
    • За нашето училиште
    • За нашите патрони
    • Кодекси
    • ПРЕПОРАКИ ЗА ОДНЕСУВАЊЕНА НАСТАВНИЦИТЕ И
    • Самоевалуација на училиштето
    • ГОДИШНА ПРОГРАМА
  • Новости
    • Огласна табла
    • Реализирани активности 2020 / 2021
    • Постигања на учениците
    • Соработка >
      • Соработка со родители
      • Институционална соработка
      • Општествено - хуманитарна работа
  • Настава
    • Наставници по предмети и одделенија >
      • одделенска настава >
        • Распоред I одделение
        • Распоред II одделение
        • Распоред III одделение
        • Распоред IV одделение
        • Распоред V одделение
      • предметна настава >
        • Распоред VI одделение
        • Распоред VII одделение
        • Распоред VIII одделение
        • Распоред IX одделение
    • Наставни планови >
      • Задолжителни предмети
      • Изборни предмети
      • Дополнителна и додатна настава
    • Временски распоред
    • Распоред по училници
  • Структура
    • Раководна структура
    • Училишен одбор
    • Совет на родители
    • Стручна служба
    • Наставен кадар >
      • ПРЕДМЕТНА НАСТАВА
      • ОДЕЛЕНСКА НАСТАВА
    • Административни работници
    • Техничка служба
  • Проекти
    • МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОДПАД 2016
    • ЕКО училиште
    • Меѓуетничка интеграција
    • Со читање до лидерство
    • Намалување на насилството во училиштата
  • Учиме online
    • ПРВО ОДД >
      • македонски јазик
      • англиски јазик
      • математика
      • природни науки
      • општество
      • музичко образование
      • ликовно образование
      • физичко и здравствено образование
    • ВТОРО ОДД >
      • македонски јазик
      • англиски јазик
      • математика
      • природни науки
      • општество
      • музичко образование
      • ликовно образование
      • физичко и здравствено образование
    • ТРЕТО ОДД >
      • македонски јазик
      • англиски јазик
      • математика
      • природни науки
      • општество
      • работа со компјутер и основи на програмир
      • музичко образование
      • ликовно образование
      • физичко и здравствено образование
    • ЧЕТВРТО ОДД >
      • македонски јазик
      • англиски јазик
      • математика
      • природни науки
      • општество
      • работа со компјутер и основи на програмир
      • техничко образование
      • творештво - изборен предмет
      • музичко образование
      • ликовно образование
      • физичко и здравствено образование
    • ПЕТТО ОДД >
      • македонски јазик
      • англиски јазик
      • математика
      • природни науки
      • општество
      • работа со компјутер и основи на програмир
      • техничко образование
      • музичко образование
      • ликовно образование
      • физичко и здравствено образование
      • творештво - изборен предмет
    • ШЕСТО ОДД >
      • македонски јазик
      • англиски јазик
      • италијански јазик
      • француски јазик
      • математика
      • историја
      • географија
      • информатика
      • природни науки
      • техничко образование
      • музичко образование
      • ликовно образование
      • физичко и здравствено образование
      • класична култура во ...
      • запознавање со религиите
    • СЕДМО ОДД >
      • македонски јазик
      • англиски јазик
      • италијански јазик
      • математика
      • историја
      • географија
      • биологија
      • информатика
      • етика
      • музичко образование
      • ликовно образование
      • физичко и здравствено образование
      • проекти од ликовната у...
      • унапредување на здравјето
      • вештини за живеење
    • ОСМО ОДД >
      • македонски јазик
      • англиски јазик
      • француски јазик
      • математика
      • историја
      • географија
      • биологија
      • хемија
      • физика
      • музичко образование
      • ликовно образование
      • физичко и здравствено образование
      • граѓанско образование
      • проекти од информатиката
      • вештини за живеење
    • ДЕВЕТТО ОДД >
      • македонски јазик
      • англиски јазик
      • француски јазик
      • математика
      • историја
      • географија
      • биологија
      • хемија
      • физика
      • музичко образование
      • ликовно образование
      • физичко и здравствено образование
      • граѓанско образование
      • иновации
      • техничко образование
  • Прашања и одговори
  • БЛОГ
  • Корисни линкови

Учебна 2015/2016год


  Ликовна изложба
                                                                
2.6.2016год

Учениците од седмо одделение по изборниот предмет „Проекти по ликовна уметност“ изработија повеќе од триесет дела со најразлични ликовни техники: темпера, лавиран, туш, јаглен и пастел. Беа создадени  и неколку скулптури од еколошки материјали.

Намалување на насилството во училиштето

1.6.2016год. -Спортски хепенинг во соработка со полициска станица -Свети Николе.
Учениците од седмо,осмо и деветто  одделение одиграа фудбалски натпревар со претставници од МВР  под мотото „Со спорт до другарство без насилство“ во склоп на проектот „Намалување на насилството во училиштето“ кој веќе четврта година е дел од Националната програма за справување со насилство.

​Патронен празник на училиштето

 На ден 23.5.2016год. нашето училиште  со спортски активности во салата  „Цар Самоил“ дневна приредба за учениците и свечена академија за пошироката јавност го оддаде должното признание на патроните на нашето училиште, светите браќа Кирил и Методиј.

Трибина по повод велигденските празници

27.04.2016 По повод претстојните велигденски празници во нашето училиште се одржа трибина на која ѓаконот Кире Трајанов зборуваше пред учениците од  шесто одделение за значењето и традицијата на одбележувањето на големиот христијански празник-Велигден.Одбележувањето продолжи со работилница на која беа изработени велигденски украси и шарени велигденски јајца.

Штандови на знаење

На ден 22.4.2016 година во нашето училиште се одржаа традиционалните штандови на знаења со цел одбележување  на 22.април, Ден на планетата земја. Учество зедоа учениците од шесто до деветто одделение.

„Со читање до лидерство“ 

​ На 19.4.2016 година како дел од проектот „Со читање до лидерство“ во чиј склоп е и „ Заедницата за учење“ нашето училиште беше гостин на домаќинот од Кочани ООУ „ Свети Кирил и Методиј“. Овој мрежен настан помеѓу овие две училишта беше под менторство на проф.Д-р. Кирил Барбареев од Факултетот за образовни науки - Штип и Диме Атанасовски -просветен инспектор. Повеќе...

„Aприлијада“

                                                                                                         1.4.2016 год.
    Традиционалната „ап
рилијада“ секоја година станува се поинтересна и се помасовна  за новите деца кои учествуваат во неа. За денот  на шегата учениците од одделенска настава своите креативни маски ги претставија преку  дефиле   низ градот, а потоа забавата под маски продолжи со весели шеги, песни и игра во училишниот двор.

Проектот на УСАИД  „Со читање до лидерство“ 

                                                                                                           25.03.2016г.
Проектот на УСАИД  „Со читање до лидерство“ спроведен од страна на фондацијата „Чекор по чекор“ во рамките на Компонентата за професионален развој, организираше целодневна обука на тема „Математика+“ На оваа работилница беа присутни одделенските наставници од училиштето кои се членови на професионалната заедница, директорот, помошник директорот и стручната служба. Присутните се запознаа со креативни активности и техники за поддржување на математичкото описменување на децата.

21 Март -ден на екологија

По повод 21 Март -ден на екологија, ден на пролетта учениците од четврто и петто одделение изработија пано со едукативни пораки за заштита на животната средина. Учениците од шесто и седмо одделение го одбележаа денот со засадување на борчиња покрај оградата во училишниот двор.

                                                                                                       15.03.2016год.
„Always"-Едукативна училишна програма за пубертет - Се што сакаш да знаеш за пубертет“. На предавањето беа  опфатени ученички од шесто одделение.

8-ми Март

8-ми Март „меѓународен  ден на жената“ учениците од петто одделение го одбележеа со приредба во спортската сала „Цар Самоил“

Предавање на тема :„Никотиноманија“

     На 29.02.2016 год. во соработка со полициска станица - Свети Николе, отсек за превенција, четири наши ученички од осмо одделение презентираа на тема „Никотиноманија„ пред ученици од петто до седмо одделение. На предавањето беа присутни и стручната служба и одделенските раководители.
07.03.2016  Предавање на тема „Никотиноманија “ во осмо и деветто одделение.

„Со читање до лидерство“

    06.02.2016г. Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ во рамките на Компонентата за професионален развој, организираше целодневна обука на тема: „Нашата училница-нашиот свет“. Целта на оваа обука е учесниците да се запознаат со начините за создавање на средина за учење во која секој ученик ќе биде поттикнат и мотивиран за учење.
    Освен членовите на заедницата за учење  на оваа обука беа  поканети и 6 родители на ученици во нижите одделенија. 

НОВОГОДИШНА ХУМАНИТАРНА ПРИРЕДБА

      Во предновогодишниот зимски амбиент по повод пристигнувањето на Новата Година, на ден 25.12.2015 год. учениците од четврто одделение заедно со нивните одделенски наставници организираа новогодишна хуманитарна приредба.
     Салата при Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“  од Свети Николе беше претесна да ги прими сите оние што сакаа да ја проследат оваа новогодишна хуманитарна престава, а меѓу присутните ученици и родители, гости беа и преставниците на локалната самоуправа на општината.
     Учениците од IV (четврто) одделение се претставија со богата културно - забавна програма што беше исполнета со драмски изведби, музичко – римички содржини, оркестарска и хорска изведба... За прекрасно изведените точки учесниците во приредбата беа наградени со бурни аплаузи.
        Успешно се пренесе  и пораката за многу здравје, среќа и љубов на секое дете ширум светот во новата 2016 година.


Недела на борба против зависностите

Во рамките на одбележување на Недела на борба против зависностите, а според програмата на психологот на училиштето, Лилјана Панова, на ден 7.12.2015 год. во просториите на училиштето беше реализирана проект-трибина за дрогата, тутунот и алкохолот. Овој настан се реализираше преку соработка со МВР, Свети Николе чиј претставник беше заменик командир за превенција, г-дин Илија Бетувски и со Здравен дом, Свети Николе, преку излагањето на д-р Билјана Ефтимова. Нашите гости ги запознаа учениците од осмо одделение за законските одредби во врска со конзумирањето и дистрибуцијата на овие пороци на денешнината, како и со штетнитте последици  од истите во однос на психо-физичкиот развој на личноста.

Чествување на свети Климент Охридски

На ден 7.12.2014 год. со почеток од 18.оо часот, во просториите на Салон библиотека при Домот на културата беше одбележано чествување на свети Климент Охридски, основоположникот на словенската црква врз чија основа израснува славната Охридска Архиепископија. Учениците од нашето училиште празнично и молитвено му оддадоа должна почит на светителот наш кој е светол симбол на нашите црковно-народни идеали и вдахновител на нашата силна вера и верба за подобра иднина.

Државен натпревар во пинг-понг
                                                                                   20.11.2015год

На ден 20.11.2015 година се одржа Државен натпревар во пинг-понг за основни училишта во организација на училишниот спорстки клуб при ООУ„Кирил и Методиј“. На натпреварот учествуваа 80 ученици од  основни училишта од целата држава.

Штафетни игри
                                                                                 19.11.2015год

По повод „Светски ден на детето“ и со цел зајакнување на врската родител-ученик-наставник на 19.11.2015 година во спортската сала „Цар Самоил“ се одржаа штафетни игри во кои учество зедоа ученици од прво до трето одделение со нивните родители

Halloween
​                                                                                   30.10.2015
год.


„ЈАС ПРОЧИТАВ _ ПРОЧИТАЈ И ТИ“
                                                                                                      28.10.2015год.

    Во рамки на проектот „ Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ нашето училиште спроведе отворен штанд преку кој родителите, учениците и вработените имаа можност да ги разменат меѓусебе  веќе прочитаните книги. Со оваа активност, под мотото „ЈАС ПРОЧИТАВ _ ПРОЧИТАЈ И ТИ“, ние како училиште го одбележавме почетокот на Месецот на книгата, направивме  афирмација на книгата, ја потенциравме нејзината неопходност во детскиот свет и секако ја зајакнавме соработката родител-ученик-наставник. Родителите и училишните установи заеднички треба да го развијат интересот за книгата кај детето. За да може детето да навлезе во светот на книгата потребно е таа  да биде употребуван предмет во семејството.

Недела на италијанскиот јазик
                                                                                   27.10.2015год

     По повод недела на италијанскиот јазик во светот учениците од 7 и 8 одделение во нашето училиште подготвија драматизација на тема „Италијанската кујна“- cicina italiana . Одговорен наставник по италијански јазик - Милка Доганџиска.

„Eколошка едукација во Македонскиот образовен систем“

                                                                                                  22.10.2015
     Во рамки на проектот „Eколошка едукација во Македонскиот образовен систем“, учениците од еко-одборот од основното општинско училиште ,,Кирил и Методиј”, го одбележаа 22 октомври  – светскиот ден на енергијата со еко-патрола низ просториите во училиштето. Целта на патролата беше да се подигне свеста на учениците за заштеда на енергијата и максимално искористување на сончевата енергија.

„Ризици од малолетнички бракови“
                                                                                   19.10.2015 год.

 Предавање во деветто одделение од страна на претставници на Центарот за социјална работа на тема „Ризици од малолетнички бракови“ во присуство на директор, помошник директор и стручната служба.

Одбележување на Детската недела
                                                  05-09.10.2015год.


09.10.2015 Приредба поповод приемот на првачињата во Детската светска организација
08.10.2015 Учениците од прво одделение преку порали им пренесоа пораки на возрасните да ги почитуваат нивните права.
 07.10.2015 Одржана ликовна работилница на тема „Детски права“
06.10.2015 По повод детската недела наставниците по физичко образование во нашето училиште организираа спортска активност - пинг-понг со ученици од седмо и осмо одделение.
05.10.2015г. Под мотото „Сите заедно до подобро утре“ од 5-9 октомври во нашето училиште се одбележува Детската недела. За таа цел библиотеката спроведе литературна работилница во која учество земаа учениците од одделенска настава, по еден претставник од секое одделение. Учениците твореа на тема „Сите заедно до подобро утре“,творбите заедно со останатите изработки ќе бидат дел од истоимената збирка.

„Македонија без отпад“
                                                03.10.2015год.

     И оваа учебна година продолжи да се реализира проектот „Македонија без отпад“ за која поддршка даваат бројни невладини и владини институции во републиката како Британската амбасада во Скопје. Нашето училиште за таа цел на овој ден организираше акција за чистење на отпад во училишниот двор во која учествуваа сите вработени и ученици.

„ Недела на движење“-за долг и здрав живот 
                                                  25.09.2015год

          По повод „Недела на движење“-за долг и здрав живот која се одбележува во светски рамки, учениците од нашето училиште истата ја одбележија со натпреварување  во штафетни игри во спортската сала Цар Самуил. Противник во овие игри беа учениците од  ООУ Гоце Делчев - Свети Николе. Нашите ученици победија!

Почеток на учебната 2015/2016 година
                                                                                   01.09.2015год.

      По повот отпочнувањето на новата учебна година учениците од трето одделение, заедно со нивните одделенски раководители  организираа свечена кратка приредба за нивните другарчиња првачињата кои за прв пат седнуваат во училишните клупи и зачекоруваат во светот на букви и бројки. Приредбата се одвиваше во реновираната училишна сала, а по повод првиот училишен ден пред присутните ученици и гости се обратија директорката на училиштето Катерина Митева и градоначалникот на општина Св.Николе г-н Зоран Тасев.

2014/2015
Powered by Create your own unique website with customizable templates.