ООУ „Кирил и Методиј“ - Свети Николе е лоцирано во централното градско подрачје на ул „Ангел Трајчев“ бб Свети Николе. Според архивските податоци училиштето започнува со работа во далечната 1969 година во сега постоечката училишна зграда во кој учеа ученици од петто до осмо одделение. На ден 29.06.1973г. единственото основно училиште во градот со одлука бр.02-1071/14 на Собранието на Општина Свети Николе беше поделено на две училишта што го означува почетокот на работата на ООУ „Кирил и Методиј“ со статус на самостојно училиште. Училиштето стартуваше со 27 паралелки од кои 12 паралелки во одделенска настава и 13 паралелки во предметна настава и две групи ученици во предшколско образование (забавиште). Вкупниот број на ученици во учебната 1973/74г. изнесуваше 784. Во тој период како подрачни училишта гравитираа и училиштатат во селата : Долно Ѓуѓанце, Павлешенци и Стањевци со вкупно пет комбинирани паралелки од прво до четврто одделение. Со самото свое основање училиштето ја зацрта целта да биде на врвот на успешните училишта и до ден денес со своите постигнати успеси го задржува тој примат и ја продолжува и исполнува истата задача. Училиштето е отворено за соработка со надлежните воспитно - образовни институции, редовно ги следи и реализира одредени проекти од областа на иновациите во наставата и соработува со други училишта како и со Локалната заедница. Училиштето е од развиен тип и во него се образуваат ученици од I до IX одделение. Во склоп на училиштето работи и подрачното училиште во с. Д. Ѓуѓанце каде учат ученици од прво до петто одделение во комбинирана паралелка.