18.12.2023
По повод празникот на Патронот на градот, Свети Николај, на ликовниот и литературниот конкурс, распишан од општина Свети Николе, нашите ученици се здобија со највисоките награди:
Јована Боневска - прво место на ликовен конкурс и
Стефанија Костадинова - прво место на литературен конкурс.
Андреј Славевски доби награда за најдобар ученик,
Славица Панева, признание за просветен работник за учебната 2022/2023 година.

27.11.2023
По повод 3.Декември-светскиот ден на лицата со попреченост, беше организирана Меѓународна керамичка ликовна работилница-2023 год. од Основно училиште со ресурен центар "Маца Ѓ. Овчарова"-Велес. Нашето училиште зеде учество со двајца ученици од 9.одделение, Дејвид Блажев и Иван Драгановски под водство на наставничката по ликовно образование Маја Ефтимова Стојанова. Ученикот Иван Драгановски се здоби со трета награда на оваа работилница.

14.09.2023
Посветената работа на нашите ученици и нивните ментори е вистинскиот пат до успехот. Ние денес сме посебно горди на нивните достигнувања, упатуваме искрени честитки, со желба за уште многу исполнети соништа. Почитувани наши, ви благодариме за вашата афирмација на училиштето, вие сте нашите најголеми амбасадори.
Свечена академија по повод одбележувањето на 14 Септември, денот на ослободување на Свети Николе.

ОУРЦ „Маца Ѓ. Овчарова” - Велес, организираше Меѓународна Ликовна работилница на 02.12.2022 год. на тема „Со љубов за Тоше“. Учениците твореа на претходно изготвени ќерамички изработки. Ученикот Иван Драгановски од VIII одд. зеде учество на ликовната работилница и се здоби со благодарница за учеството.
Дабар 2022
Интернационален предизвик во којшто учествуваат учениците од 72 земји од светот. Натпреварот се одржа од 21 до 25 ноември 2022 и учество зедоа 290 ученици од I, IV, V, VI, VII, VIII и IX одделение од нашето училиште. Честитки за учениците и менторите!

14.09.2022
Успешните ученици во секоја област ги краси една прекрасна особина, ТИЕ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ! Постојано се стремат кон напредок, се натпреваруваат со другите, за да бидат секој ден подобри од тоа што биле вчера. Наградите како ѕвезди блеснаа, благодарение на нив и нивните ментори нашето училиште зрачеше со гордост на свечената академија по повод одбележувањето на 14 Септември, денот на ослободување на Свети Николе.