Повеќе од 40 години нашето училиште е закитено со светите имиња Кирил и Методиј. Волшепството на зборот е посеано, а преку 40 години нови генераци и учители ја дооруваат браздата нивна.
Црноризец Храбар во своето дело „О писменех“ или преведено на литературен јазик „За буквите“, вели: Ако ги запрашаш грчките книжевници: „Кој ви ги создал буквите и кој ви ги превел книгите„? - Тоа малцина од нив и ретко знаат за тие работи. Ако, пак ги запрашаш словенските книжевници: „Кој ви ги создал буквите и кој ви ги превел книгите“? - сите знаат и одговарајќи ќе кажат: Св.Константин, наречен Кирил, тој нам ни ги создаде буквите и книгите ги преведе, заедно со брата си Методија“. И ако прашаш во кое време, знаат и во одговор ќе кажат во годината 863.
Во градот Солун имаше маж од благороден род и богат човек по име Лав којшто заземаше чин на друнгариј и потстратег. Живеејќи со својата жена Марија, изродија седум деца, од кои со своето благородно дело до ѕвездите ќе се вивнат Методиј и најмалиот Константин (подоцна Кирил). Нивната народност е јасно македонска, зашто нивните имиња се јасно македонски. (Во Краткото житие на Константин - Кирил, напишано од неговиот ученик Климент Охридски, се кажува дека Кирил открил пред Хазарскиот каган дека не потекнувал од византиски род, ами дедо му бил од хранените људе на туѓ „цар„, но побегнал во Византија).
Откако свесно го примија крстот врз плеките, ќе остават неизбришливи траги низ вековите .
Од житието на Методиј дознаваме дека е роден меѓу 810 – 820 год, дека се здобива со солидно образование и дека византискиот цар го поставил да управува со словенската област меѓу реките Струма и Брегалница.
И во погоден час ја напушти кнежевината и откако отиде на Олимп, каде што пребиваа свети отци се потстрижа и се облече во црна риза и исполнувајќи го во се монашкиот чин, прилежно читаше книги.
Красноречивите ги надминуваше со дело, а трудбениците со збор. Приличен на сите, во себе го одразуваше образот на сите, со испонувањето на заповедите, со телесна чистота,со збор силен, а кроток, - силен за противниците, а кроток за послушните кон поука, со јарост, спокојство, милост, љубoв, страст и трпение - беше се за сите, за сите да ги придобие.
Од Житието на Кирил дознаваме дека е роден 826 или 827 год. и...
Кога го дадоа да се школува напредуваше во учењето подобро од сите ученици, така што сите му се чудеа на сфаќањето и на големиот успех во вештините.
Честа, богатството и кнежевските титули тој ги одбива. Тој го претпочита учењето со кое ќе си го збогати умот.
Учествува во неколку верско - политички мисии, а потоа се враќа во Цариград и по извесно време оди кај брат му Методиј во манастирот Полихрон на Олимп, каде се подготвува за нови дипломатски мисии.
Од тој момент, до крајот на својот живот, браќата ќе изодат напорен пат и заедно ќе учествуваат во најзначајната за словенскиот род мисија-Моравската
По божја милост здрави сме и кај нас се дојдени многумина учители-христијани откај Власите и од Грците и од Немците, учејќи не различно. А ние, Словените немаме кој да не поучи на вистина и на разум. Затоа добри господаре, испрати таков маж што ќе не упати на секаква правдина - му напиша моравскиот кнез Ростислав во 862 год. на византискиот цар во Цариград. Царот потоа свикал собор, а го повикал и Константина.
Знам дека си уморен философе, но ти треба да појдеш таму. Никој не може да ја изврши таа задача како тебе. Земи го и брат ти, игуменот Методија, па оди . Вие сте солунчани, а сите солунчани чисто словенски зборуваат.
Откако ја создадоа азбуката, браќата преведоа повеќе богослужбени книги од грчки на словенски и во 863 год. заминаа за Моравија. Таму пламено и верно ја градеа словенската писменост и култура и покрај жестоките напади од страна на германските феудалци и свештенство.
Со силата на својот дух , со упорност и мудрост, тие го бранеа своето дело. Многу тегоби го снајдоа и почна да се приближува времето за почин од страдањата. А утредента се облече во светата монашка риза, мина така цел ден радосен, го благослови Бога и...и така заспа во господа, имајќи 42 години, на 14 ден на месец февруари, на вторит индикт на создавањето на светот 869 год.
Браздата заедничка ја доорува неговиот брат Методиј.
Клеветите, прогонствата, правдањата пред римскиот папа, затварањата и малтретирањата, му ја отежнуваат работата, но со своите ученици успешно се спротиставува, бранејќи ја словенската богослужба и писменост.
Почина во рацете на свештениците во шестиот ден од месец април, во третиот индикт во 885година.
Нашата безгранична почит и благодарност ќе ја истакнам со зборовите на светиот апостол Павле, кој вели: „Споменете ги вашите учители што ви го проповедаа словото божјо и имајте го во предвид крајот на нивниот живот.“ А бидејќи токму тие се нашите учители, овој долг ќе биде исполнет. Зашто и денес, нивното учење е исто толку, ако не и повеќе нужно на лугето и народите, човекот да биде брат со другиот, а границите се помалку да ги делат среќните од несреќните.