На 19.4.2016 година како дел од проектот „Со читање до лидерство“ во чиј склоп е и „ Заедницата за учење“ нашето училиште беше гостин на домаќинот од Кочани ООУ „ Свети Кирил и Методиј“. Овој мрежен настан помеѓу овие две училишта беше под менторство на проф.Д-р. Кирил Барбареев од Факултетот за образовни науки - Штип и Диме Атанасовски -просветен инспектор.
Целта на овој мрежен настан беше да се претстави концептот за заедници за учење како платформа за професионален развој на наставниците преку практични предизвици кои произлегуваат од нивниот училишен контекст.
Наставниците континуирано го збогатуваа своето развојно портфолио со докази за својот процес на учење и благодарение на одржаниот мрежен настан наставниците од двете училишта имаа можност да ги споделат искуствата и мислењата за решавањето на проблемите со кои се соочуваат наставниците во наставата и преку кои ќе дојдат до подобри резултати.
Од нашето училиште вклучени беа 18 одделенски наставници, а од училиштето домаќин 11 одделенски наставници. И гостите и домаќините ги презентираа своите постери пред присутните колеги и гости, а изработките и од двете училишта беа особено креативни и уникатни. Секоја чест за домаќините , а следната средба ја закажуваме следната учебна година во нашето училиште!