Светски ден на храната
По повод 16ти Октомври - Светскиот ден на здравата храна, во нашето училиште се одржа работилница во организација на Еко-тимот и стручните соработници на која учениците учеа за здрава храна и здрави навики.
Еко-патролата помина во секоја училница, подели здрава храна на секој ученик но, подели и совети за стекнување навики за здрав живот.
Еко-патролата помина во секоја училница, подели здрава храна на секој ученик но, подели и совети за стекнување навики за здрав живот.
Еко-акција за разубавување на училишниот двор
Нашата Еко-акција за разубавување на училишниот двор продолжува. Им благодариме на граѓаните и фирмите ,,ЦЕК -КОМЕРЦ “ Свети Николе и ,, ЦИЛЕ - ТРАНС “ Свети Николе за донирањето на стари, отпадни пневматици и воедно ги покануваме и останатите претпријатија, а и граѓани во општинава да се вклучат и да им овозможат на нашите ученици да ја развиваат својата креативност.
5. Март- Светскиот ден на заштеда на енергија
Никој на светов не умее да дарува толку многу како што тоа го прави природата. Таа од се срце дава и не бара ништо за возврат. Ни ги нуди безрезервно своите ресурси, така што нејзината енергија претставува значаен дел од животот на луѓето. А бидејќи правилното користење и штедење на енергијата овозможува посигурнна иднина за сите, во насока на едуцирање на учениците од нашето училиште, по повод 5. Март- Светскиот ден на заштеда на енергија, учениците од четврто и петто одделение организираа еко-патрола, а за учениците од осмо одделение беше изготвена презентација за штедење на електричната енергија.
Еко - акција за собирање стара хартија
Еко - акцијата за собирање стара хартија спроведена успешно ! 👏👏👏
Собравме 3 тона стара хартија благодарение на нашите ученици и вработени. Им благодариме од <3 на сите ! Средствата ќе бидат искористени за набавка на нагледно - образовни помагала.
Собравме 3 тона стара хартија благодарение на нашите ученици и вработени. Им благодариме од <3 на сите ! Средствата ќе бидат искористени за набавка на нагледно - образовни помагала.