Реализирани активности во учебната
2021-2022 година
Приредба по повод прием на првачињата во ООУ ,,Кирил и Методиј“ - Свети Николе
на првиот училиштен ден од учебната 2021/2022 година
на првиот училиштен ден од учебната 2021/2022 година
Прием на првачињата во Детската организација
под мотото „Јас избирам здравје, а ти?“
Спортски активности со нашите првачиња под раководство на нивните одделенски наставници и професорите по физичко и здравствено образование за одбележување на Детската недела под мотото „Јас избирам здравје, а ти?“
Приредба по повод свечениот прием на првачињата во Детската организација под мотото„Јас избирам здравје, а ти?“ Со овој свечен чин на кој првачињата положија заклетва и станаа дел од Детската организација.
Активности по повод Месец на книгата
15 октомври - 15 ноември
Светски ден на лицата со посебни потреби
Работилница во која учествуваа ученици од паралелката за ученици со посебни образовни потреби. Главното мото беше „Да не оставиме никого зад себе’’.
Учениците од паралелката III – 1 во чест на овој ден креативно ја пратија пораката која треба да биде длабоко врежана во свеста на секој од нас, а тоа е: СИТЕ СМЕ ЕДНАКВИ!!!
Учениците од паралелката III – 1 во чест на овој ден креативно ја пратија пораката која треба да биде длабоко врежана во свеста на секој од нас, а тоа е: СИТЕ СМЕ ЕДНАКВИ!!!
НОВОГОДИШНА ХУМАНИТАРНА ПРИРЕДБА
„ДЕТСКАТА НАСМЕВКА - КРУНА НА МАГИЈАТА НОВОГОДИШНА“
30.12.2021
Среќата се множи кога се дели, а нашите ученици тоа најдобро го покажаа со својата иницијатива, дадена на предметот граѓанско образование, да реализираат Новогодишен базар од хуманитарен карактер, со нивни изработки, во склоп на Новогодишната приредба. Иницијативата беше успешно организирана од ученичкиот парламент заедно со наставниците и со помош на родителите кои со купување на декорации ја збогатија својата новогодишна приказна, а нам ни помогнаа да ја пренесеме новогодишната магија на едно социјално загрозено семејство. Ви благодариме на сите што бевте дел од нашата хуманитарна приказна!
Хуманитарната акција организирана од одделенскиот наставник Иле Михајловски „Караван на детски насмевки“ помина и во нашето училиште. Донацијата е помогната со анонимни поддржувачи кои ја помагаат секоја хуманитарна акција на наставникот Иле Михајловски. Донацијата израдува 12 ученици со посебни образовни потреби инклузивно вклучени во образовниот процес во нашето училиште со новогодишни пакетчиња и подарок книга во секое пакетче. Пакетчиња беа поделени и на учениците во подрачното училиште во с.Долно Ѓуѓанце, каде со 150 книги како дел од донацијата се збогати и скромната библиотека во подрачното училиште. Им благодариме во името на сите деца на кои радост им донесоа и на донаторите и на наставникот, а ваквите примери нека се множат насекаде оти нема поголема радост од насмевката на лицето на секое дете!
ПРИРЕДБА ПО ПОВОД 8 МАРТ
„ЖЕНА - МАЈКА - ЖИВОТ“
Среќен 8 Март на личноста која низ темнина умее светлина да сее,
на личноста која нема срце кое не умее да го згрее,
на личноста која што везеше и ткаеше низ вековите знамиња и килими на Гоце, на Даме, на Јане,
на онаа личност за која колку и да изредиме зборови достојни и милни
пак ќе бидат малку за заслугите нејзини!

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАТЕМАТИКАТА
14. март, а тој ден е познат уште и како „Денот на Пи“. Датумот е така одбран поради првите цифри на најпознатата математичката константа Пи, π = 3,14….
Денот на Пи се слави низ целиот свет, а оваа година и нашите ученици се вклучија во неговото одбележување.
Нека е честит Меѓународниот ден на математиката!

21 март - Денот на пролетта и Денот на екологијата
Ден на пролетта и потребата од здрава еколошка средина. Големата заинтересираност за активностите од страна на учениците радува, бидејќи тоа значи дека од најмала возраст тие го прифатиле овој начин на размислување и живеење. Се надеваме дека ќе имаат своја еколошка свест и ќе се грижат за поздрава и почиста животна средина. За таа цел на овој ден спроведовме низа активности.
Реализиравме едукативна работилница под мотото: “Влијанието на загадувањето на животната средина врз климатски промени и глобалното затоплување”. На одделенскиот час во сите паралелки беше презентиран едукативен текст со наслов: „Екологијата и спасувањето на планетата Земја“.
Учениците од предметна настава засадија борчиња во училишниот двор, со цел хортикултурно уредување на училишниот двор и обновување на живата ограда околу училиштето.
Учениците од одделенска настава со свои творби за пролетта и Еко пораки покажаа како треба да ја почитуваме и чуваме природата, бидејќи природата е богатство кое треба да ја чува секој од нас.

Патронен празник на ООУ „Кирил и Методиј“
Атлетски трки по повод патрониот празник на нашето училиште
1 јуни, Меѓународен ден на детето
Ако природата денес ви подари топол сончев ден, тогаш имате две причини да се радувате, затоа што првиот ден од јуни во многу земји се прославува и како ден на детето, односно Меѓународен ден за заштита на децата.
Светскиот ден за заштита на животната средина е потсетник дека мора добро да се грижиме за нашата околина. Ова е денот кога засекогаш треба да се поврзат луѓето и природата.
Дозволете ни да ветиме дека ќе ја направиме нашата планета позелена и поздраво место за живеење и уживање во животот!!!
Дозволете ни да ветиме дека ќе ја направиме нашата планета позелена и поздраво место за живеење и уживање во животот!!!
Во рамките на проектот Ерасмус+Heritage Youth Perspective-Love your heritage (Промовирање на локални занаети на социјални медиуми), одржана во Струга од 1 - 7 април 2022 г. на која како лидери за млади учество земаа наставничката Снежана Наумова, социологот Светлана Митрушов и наставникот Ивица Митрушов, на ден 7.06 2022 во просториите на ООУ „Кирил и Методиј“ се одржа работилница со 20 ученици од 8 одделение и 5 ученика од Училиштето за средно образование ,,Кочо Рацин“- Свети Николе. На работилницата учениците имаа можност да се запознаат со видовите на културно наследство и локалните занаети, кои за жал сé помалку егзистираат во нашата општина. На работилницата учениците имаа можност и да ги подобрат своите технички вештини за снимање, уредување и објавување на видео со ракотворби и интревју со локален занаетчија (казанџија) и истото да го објават во интернационалната група на земјите партнери во овој проект: Португалија, Романија, Данска, Шпанија и Македонија.
Крајната цел на работилницата е да се сними видео - интервју со локален занаетчија, кое учениците успешно го завршија со посета на локалната работилница „Менчови“ каде снимаа видео со сопственикот на истата. За одлично сработената работа учениците се здобија со сертификати за учество на работилница од Еразмус + проект од страна на Невладината организациај NEXT GENERATION – Skopje, која е и еден од партнерите на овој проект.