Реализирани активности во учебната
2016-2017 година
Училишен крос
28.4.2017год.
Глобален час
Недела на едукација за климатски промени
Од 22-28 април се одбележува „Недела на едукација за климатските промени“. ООУ „Кирил и Методиј“-Свети Николе активно се вклучи во одбележување на Неделата на едукација за климатски промени со одржување на глобален час со следниве активности:
-едукација на учениците за тоа што е отпад, негова поделба како и начините за негово намалување и
-практично рециклирање на употребена хартија која што се собира во училиштето. Рециклирањето претставува само еден мал чекор во зачувување на животната средина. Сите овие активности имаат една единствена цел, подигање на еколошката свест на учениците на едно повисоко ниво.
Пораката која што ја пренесоа учениците од денешниот глобален час се однесува на ПРОМЕНА НА НАШИОТ ОДНОС КОН ОТПАДОТ, ДА СОЗДАВАМЕ ПОМАЛКУ ОТПАД И ДА ЗНАЕМЕ КАКО ДА ГО РЕЦИКЛИРАМЕ
Велигден 2017
Едукативна работилница Always-едукација на
девојчиња од 6 одделение
На ден 04 .04 2017 се одржа едукативна работилница на ученичките од 6 одделение од нашето училиште, како дел од програмата за грижа за здравјето на учениците, а во соработка со Агенцијата Греј Волдбајд со овластеното лице Станислава Тецова како модератор. Оваа работилница е како составен дел од Always-Училишна Програма, под покровителство на Procter & Gamble.
Работилницата содржеше едукативни предавања во врска со личната хигиена и нега за време на на пубертетот. Целата беше да се информираат девојчињата за физичките и емотивните промени со кои се соочуваат за време на пубертетот и да се едуцираат во однос на хигиентата.
На крајот од предавањето секое девојче доби едукативен материјал и примерци од производите на Always.
,,Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем,,
Во рамките на проектот ,,Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем,, училиштето- ООУ„Кирил и Методиј“-Свети Николе го одбележува Светскиот ден на заштеда на енергија. По тој повод во училиштето се организираа повеќе активности:
-Работилница за изработка на упатства и нивна презентација
-Презентација на проектот „ Алтенативни извори на енергија“ -работилница огранизирана од секцијата на млади физичари од 9 одд.
Како дел од овој проект е и активноста за означување на корпи за огрански отпадок за хартија и пластика.
Во проектот покрај учениците од еко патролата беа одговорни наставничката по информатика Жаклина Трајнова,наставничката по физика Славица Панева и координаторот на проектот „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“- Кети Димкова.
Во рамките на проектот ,,Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем,, училиштето- ООУ,,Кирил и Методиј,,-Свети Николе на ден 09.03 2017 година во соработка со Одделението за енергетска ефикасност на Вардарски планински регион направи презентација на тема ,,Заштита на животната средина преку енергетската ефикасност,,-презентирана од страна на г-дин Ванчо Петров дипломиран машински инжинер.
На презентацијата присуствуваа учениците од 8 и 9 одделение кои ги изучуваат наставните предмети по физика и техничко образование и усвојуваат наставни содржини од оваа област на енеретска ефикасност.
8 Март
Ден свечен, ден празничен, ден посветен на жената во кој главен акцент отсекогаш се ставал на жената – мајка. Насмевката и цвеќето се неизбежни, а за возврат се добива топлина, прегратка и искрено благодарам од најнежната, но воедно и најсилната личност. Жената – мајката е непресушен извор на она без кое ништо не сме – ЉУБОВ. Таа љубов искрено ја покажаа и учениците од V одделение, вложувајки голем труд, подготвувајки ја приредбата во која ја прикажаа ЖЕНАТА – МАЈКА НИЗ ВРЕМЕТО
НОВОГОДИШЕН БАЗАР
Недела на забоздравствената заштита
По повод неделата на забоздравствената заштита, стручната служба во нашето училиште во соработка со ЈЗД,Др.,Горѓи Гаврилиски,,-Свети Николе направи работилница со учениците од второ одделение и нивните одделенски раководители.На наше огромно задоволство во работилницата завзема учество и Др.Јулујана Стојанова доктор по детска стоматологија.
На присутните ученици, докторката имаше кратко образложување за оралната хигиена на забите, им објасни за бројот на запчињата и функцијата на сите заби. На крај заклучокот беше дека за да се има здрави заби, мора да се внимава и на исхраната.
За да задоволството биде поголемо на крајот од работилницата докторката на сите ученици им даде четка и паста за заби како подарок.
На присутните ученици, докторката имаше кратко образложување за оралната хигиена на забите, им објасни за бројот на запчињата и функцијата на сите заби. На крај заклучокот беше дека за да се има здрави заби, мора да се внимава и на исхраната.
За да задоволството биде поголемо на крајот од работилницата докторката на сите ученици им даде четка и паста за заби како подарок.
Св. Климент Охридски
На ден 7.12.2016 год. со почеток од 18.оо часот, во просториите на Салон библиотека при Домот на културата беше одбележано чествување на свети Климент Охридски, основоположникот на словенската црква врз чија основа израснува славната Охридска Архиепископија. Учениците од нашето училиште празнично и молитвено му оддадоа должна почит на светителот наш кој е светол симбол на нашите црковно-народни идеали и вдахновител на нашата силна вера и верба за подобра иднина.
По повод светскиот ден лицата со посебни потреби
По повод светскиот ден лицата со потребни потреби се одржа приредба во нашето училиште на ден 02.12 2016 год. Во релаизирањето на приредбата учествуваа учениците со посебни потреби од ПОП паралелката,стручната служба и учениците од второ одделение,кои на присутните гости им се обратија со неколу точки и рецитали. Учениците со посебни потреби ги покажаа своите знаења и способности спрема своите можности и самите тие беа многу задоволни од своите изведби и прифатеноста од останатите ученици.
Месец на зависности
Ученичката заедница во соработка со стручната слижба по повод месецот на зависности одржа работилницапод мотото ,,Последиците од алкохолот и цигарите„
На работилницата беа опфатени сите ученици од осмо одделение заедно со класните раководители. Главен акцент на самата работилница беа алкохолот и цигарите и нивното штетно влијание, кои на учениците им беа прикажани од аспект како пороци со кои се запознаваат адолесцентите од рана возраст.
На работилницата беа опфатени сите ученици од осмо одделение заедно со класните раководители. Главен акцент на самата работилница беа алкохолот и цигарите и нивното штетно влијание, кои на учениците им беа прикажани од аспект како пороци со кои се запознаваат адолесцентите од рана возраст.