Реализирани активности во учебната
2018-2019 година
24ти Мај - Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј
По повод Патрониот празник ,, 24ти Мај - Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј “ во Домот на културата се одржа свечена академија на тема ,,Само со срцето добро се гледа, најважното е невидливо за очите “ на која нашите ученици блеснаа во изведбите на драматизацијата на романот ,,Малиот принц“, музички интерпретации и кореографии.
На свечената академија беа доделени дипломите од училишните натпревари, беа прогласени и наградени ,,Првенецот и Достоинствата на генерацијата 2010 - 2019 “
На свечената академија беа доделени дипломите од училишните натпревари, беа прогласени и наградени ,,Првенецот и Достоинствата на генерацијата 2010 - 2019 “
На часот по општество
Денес,2.5.2019год. во III-4 одделение на часот за превозни средства по Општество имавме интересен гостин - пилотот од Македонските воздухопловни сили, Борче Манев, кој со помош на мошне интересна, визуелна и поучна презентација им ги збогати знаењата на учениците за воздухопловните превозни средства.
Ти благодариме пилоту!
Ти благодариме пилоту!
Празнување на Велигден
По повод празникот Велигден, вредните раце на нашите ученици креираа прекрасни, велигденски украси кои во Петок, 26.04.2019, ќе бидат изложени на градскиот плоштад каде не чекаат и други возбудливи изненадувања.
Нека ни е честит и за многу години празникот Велигден !
Нека ни е честит и за многу години празникот Велигден !
Денот на планетата Земја
По повод 22ри Април - Денот на планетата Земја во нашето училиште се одржаа низа активности :
- група ученици се приклучија на општинската иницијатива за еколошка акција во градскиот парк ,,Свети Илија “,
- минатата недела беа распишани ликовен и литературен конкурс од награден карактер на тема „Подај рака, планетата Земја помош сака“ на која имаше масовен одзив од страна на учениците и
- на пригодна манифестација одржана денес беа претставени наградените ликовни и литературни творби, а учениците добија пригодни подароци

,, Пробиштипски маскенбал “
Наши ученици од 6то одделение и оваа година учествуваа на традиционалниот ,, Пробиштипски маскенбал “ кој се одржа 10та година по ред со групна маска насловена ,, Венецијанци “ под раководство на наставничката Андријана Горгиева Петрушева. Се вратија преполни со импресии, возбудувања и доживувања од преубаво поминатиот ден !
Ви благодариме Општина Пробиштип на беспрекорната организација !
Ви благодариме Општина Пробиштип на беспрекорната организација !
Еко-акција за разубавување на училишниот двор
Нашата Еко-акција за разубавување на училишниот двор продолжува. Им благодариме на граѓаните и фирмите ,,ЦЕК -КОМЕРЦ “ Свети Николе и ,, ЦИЛЕ - ТРАНС “ Свети Николе за донирањето на стари, отпадни пневматици и воедно ги покануваме и останатите претпријатија, а и граѓани во општинава да се вклучат и да им овозможат на нашите ученици да ја развиваат својата креативност.
Одбележување на 8ми март
Во пресрет на ,,Денот на жената“, на 07.03.2019 година во Спортската сала ,,Цар Самуил “ се одржа приредба со која нашите ученици се претставија со прекрасна програма и им го честитаа празникот на сите припаднички на понежниот пол.
Еко - акција за собирање стара хартија
ООУ ,, Кирил и Методиј “ Свети Николе организира Еко - акција за собирање на стара хартија со цел подигање на свеста на пошироката заедница за рециклирање, хигиена и здрава средина.
Ги покануваме сите ученици и родители да дадат свој допринос во акцијата и да донесат стара, непотребна хартија во училиштето заклучно со Петок, 01.02.2018 година.
Средствата добиени од оваа акција ќе бидат искористени за набавка на нагледно - образовни училишни помагала.
Однапред Ви благодариме на соработката.

Еко - акцијата за собирање стара хартија спроведена успешно ! 👏👏👏
Собравме 3 тона стара хартија благодарение на нашите ученици и вработени. Им благодариме од срце на сите ! Средствата ќе бидат искористени за набавка на нагледно - образовни помагала.
Собравме 3 тона стара хартија благодарение на нашите ученици и вработени. Им благодариме од срце на сите ! Средствата ќе бидат искористени за набавка на нагледно - образовни помагала.
Работилница на тема ,,Лекар, стоматолог, амбуланта “
На ден 30.1.2019 година во III-4 одделение се одржа работилница на тема ,,Лекар, стоматолог, амбуланта “, по предметот Општество во соработка со д-р Оливер Трајчев и д-р Ирина Трајчева, специјалист по Ортодонција кои одржаа предавање за здрава храна, одржување здравје на рбетен столб и усната празнина. Им благодариме за соработката и поучното предавање !
За време на зимскиот распуст
Декорираме и развиваме чувство на припадност и сигурност што се добива со самиот влез во училиштето, а се продлабочува со престојот во него.
Целосно ги заменивме старите, дотраени, неонски светилки во фискултурната сала со економични, ЛЕД светилки од 18 вати, 1800 лумена светлосен ефект.
Заштедуваат електрична енергија 35 % и еколошки се прифатливи. Не содржат штетни материјали и гасови. Нема ултравиолетово зрачење. Нема треперење како флуоресцентните светилки. Завршен проект во соработка со ЈКП ,,Комуналец “ и екипата на енергетска ефикасност при Општина Свети Николе. Благодариме за соработката !

Во пресрет на новогодишните празници
Во Сабота , 29ти Декември 2018 година, нашето училиште го посети Ангелче Митев , наш поранешен ученик и Наташа Митовска кои заедно со ПЗУ „Примариус Др.Гордана Митева“ на наши ученици им приредија новогодишна забава и им подарија новогодишни пакетчиња.
Новогодишна приредба
.Бајка...магична, мистична, празнична и преполна емоции ни стопли срца на 26.12.2018 во амфитеатарот при МСУ ,,Державин" и не поведе на незаборавно патување во детскиот свет на имагинацијата. Оранизирана од учениците од четврто одделение и нивните одделенски раководители.
Признанија 2018
Честитки за нашите наставници Иле Михајловски прогласен за просветен работник на годината и Николетка Панева - признание за животно дело .
ООУ ,, Кирил и Методиј " се гордее со широка лепеза од квалитетен наставен кадар од кој произлегуваат успешни ученици.
ООУ ,, Кирил и Методиј " се гордее со широка лепеза од квалитетен наставен кадар од кој произлегуваат успешни ученици.
Тековни активности
Ги менуваме скршените пластични седла во Спортската сала ,, Цар Самуил " со дрвени кои моментално се обработуваат пред бојадисувањето. Воедно апелираме до граѓаните за време на присуствата на спортските натпревари да не ги газат и оштетуваат седлата.
Одбележување на денот на лица
со посебни потреби
Денес, 30.11.2018 година, во пресрет на Денот на лица со посебни потреби нашето училиште во соработка со ООУ ,, Гоце Делчев " одржа манифестација под мотото ,, Јас и моето другарче " која на сите ни ги стопли срцата ширејќи ја пораката дека детското срце е отворено за сите и прифаќа различности без предрасуди.
Ние возрасните можеме многу да научиме од децата ! 👏👫👬👭❤
Ние возрасните можеме многу да научиме од децата ! 👏👫👬👭❤
Презентација на тема
,,Стоп за меѓуврсничкото насилство - Булинг “
Денеска, 27.11.2018година, во нашето училиште во соработка со МВР - Полициска станица Свети Николе се одржа презентација на тема ,,Стоп за меѓуврсничкото насилство - Булинг “ наменета за ученици од 6то до 9то одделение.
Целта на презентацијата беше препознавање, навремено и соодветно реагирање на различни случаи врсничко насилство.
Врсничкото насилство НЕ е прифатливо и НЕ смее да се третира како „деца се, се караат па ќе се смират“!

Трибина ,, Борба против зависности"
Вечерва, 22.11.2018 година, во Салон Библиотека при Домот на културата учениците од 9то одделение под раководство на наставничката Анета Ивановска настапуваа на трибината насловена ,, Борба против зависности" со креативни, поучни точки. На трибината свое излагање на темата имаа др.Викторија Коцева од Здравниот дом и социјалниот работник Даница Дукас од Центарот за социјална работа.
Трпезарија за учениците од продолжен престој
Од денес во нашево училиште започна да функционира и трпезаријата во која се служи топол оброк - ручек за учениците од продолжен престој подготвен од ЈОУ Детска Градинка ,,Рахилка Гонева “ Свети Николе. Првиот ручек превкусен, мешињата полни, насмевките широки а, чиниите останаа празни. :)
Одбележување на „месецот на книгата“
По повод месецот на книгата ( од 15ти Октомври до 15ти Ноември ) во нашето училиште се одржаа поетска и ликовна работилница на тема ,,Книгата и јас". Преку овие активности се обидовме да го популаризираме читањето книги меѓу учениците и да го вратиме стариот сјај на овој отворен ,, прозорец" кон светот.
Прием на првачињата во Детската светска организација
Денес, 5.10.2018 година, по повод приемот на првачињата во Детската светска организација, учениците од второ одделение под раководство на нивните одделенски раководители ни приредија прекрасна програма која со задоволство ја проследивме заедно со родителите и пошироката јавност.
Денес, 4.10.2018 година, нашите првачиња во чест и пресрет на нивниот прием во Светската детска организација ни го украсија училишниот двор со детски цртежи и го исполнија училишниот хол со детски насмевки овековечени во фотографии.
Ајде сите заедно на тркала ! 😊🚲🚴🚵
По повод Европската недела на мобилност и нашето училиште ќе се вклучи во акцијата „Комбинирај и движи се“. На ден 21.09.2018 год. (Петок) со почеток во 12:30 часот пред зградата на Општина Свети Николе ги повикуваме учениците да се вклучат во акцијата со возење велосипеди и ролери.
Браво дечки !!! 👏👏👏
Со вашето учество во активноста ,,Комбинирај и движи се " во рамките на „Европската недела на мобилност“ помогнавте во подигнувањето на јавната свест за намалувањето на употребата на автомобили и емитување на штетни гасови во воздухот.
Упатуваме благодарност до Општина Свети Николе за организацијата на настанот и МВР Свети Николе за безбедноста на сообраќајот.

Еко акција
Вработените во ООУ ,, Кирил и Методиј " Свети Николе денес. 15.9.2018г. спроведоа успешна еко - акција во рамките на националната акција за чистење на отпадот на цела територија на Република Македонија.
Обука за образовните и лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби
На 7.9.2018 година, во нашето училиште во соработка со ООУ ,,Гоце Делчев “ Свети Николе и Општина Свети Николе се одржа воведна обука за образовните и лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби обезбедени преку UNDP ( Програмата за развој на Обединетите нации ) и Министерството за труд и социјална работа на Република Македонија.
Во пресрет на новата учебна година
Училниците за првоодделенчињата спремни за пречек ! Целосно е реконструиран подот со нов ламинатен под и топлотна изолација за на нашите првачиња да им биде пријатен престојот во училишните клупи !
Набавивме 5 Philips Led телевизори со 109 cm екран, 3 Philips ЦД плеери, 10 звучници и 1 HP преносен компјутер за да ги прошириме можностите на наставниците во изведувањето на современа настава поткрепена со технологија.