Учебна 2014/2015 година
Спортски игри
По повот одбележувањето на патрониот празник на училиштето, на ден 22.05.2015год се одржаа спортски игри во мал фудбал на кои учествуваа учениците од трето и четврто одделение од општинските училишта во Свети Николе.
Патронен празник на училиштето
На ден 21.05.2015год. нашето училиште со пригодна свеченост го оддаде должното признание на патроните на нашето училиште, светите браќа Кирил и Методиј.
„Почитувај ги правилата-Почитувај го животот“
Во рамките на кампањата на Владата на Р.М. за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата насловена како „Почитувај ги правилата-Почитувај го животот“ учениците од второ одделение заедно со претставници од Полициска станица Свети Николе пешачеа правилно во сообраќајот и ги опоменуваа пешаците кои неправилно и небезбедно се движат по улиците на нашиот град.
„Библиотеката на тркала“
На ден 30.04.2015 год. не посети „Библиотеката на тркала“ - специјално пренаменето возило, опремено со книги и дидактички материјали за читање и математика. Библиотеката ја посетија учениците од 1 до 3 одделение.
„Намалување на насилството во училиштата“-„Сите на велосипед“
На ден 28.04.2015г се одржа спортски хепенинг под мотото „Намалување на насилството во училиштата“ - „Сите на велосипед“. Учество зедоа ученици од прво до деветто одделение со велосипеди, тротинети и ролерки. Учениците водени од наставниците по физичко и здраствено образование возеа од спортската сала „Цар Самоил низ градскиот парк и центарот на градот .
22 Април-Ден на планетата Земја
Денот на планетата Земја, 22 април, беше одбележан и во ООУ„ Кирил и Методиј“- со едукативна работилница каде што учениците од V одделение твореа на тема „Дај се од себе, природата е дел од тебe“ . Учениците на соодветен начин испратија порака за чување и заштита на животната средина
Денот на планетата Земја е уште една можност да се потсетиме на значењето на природата која не опкружува, но и да го сфатиме фактот дека нашите животи директно зависат од неа.
ВЕЛИГДЕНСКА ПРИРЕДБА
Дел од наставната програма на учениците од нашето училиште е и одбележувањето на големите и значајни празници во православието.
Пред доаѓањето на најголемиот христијански празник, Велигден, беа приготвени малку поразлични излагања за овој празник. Имено, програмата беше излезена од вообичаениот банален световен декор, со цел да се откријат дел од продлабочени теми од духовен аспект. Преку цитати, учениците го отсликаа значењето на Христовото Воскресение. Беа вклучени и празнични песни во интерпретација на учениците. Преку стиховите беа хронолошки презентирани настаните што претходат на самиот празник Велигден. За крај беше упатена завршна порака што ја носи со себе овој наш најголем христијански празник.
Пред доаѓањето на најголемиот христијански празник, Велигден, беа приготвени малку поразлични излагања за овој празник. Имено, програмата беше излезена од вообичаениот банален световен декор, со цел да се откријат дел од продлабочени теми од духовен аспект. Преку цитати, учениците го отсликаа значењето на Христовото Воскресение. Беа вклучени и празнични песни во интерпретација на учениците. Преку стиховите беа хронолошки презентирани настаните што претходат на самиот празник Велигден. За крај беше упатена завршна порака што ја носи со себе овој наш најголем христијански празник.
ALWAYS-училишна работилница
Целта на оваа работилница е девојчињата од шесто одделение да добијат информации преку оваа програма прилагодена на нивното психолошко развојно ниво и истите да им помогнат многу полесно да се справат со промените и предизвиците што им претстојат во овој период.т.е.пубертет.
АПРИЛИЈАДА 2015
По повод Денот на шегата, 1.Април, и оваа година училиштето организираше дефиле на групни маски кои веќе прераснаа во традиција. Оваа година дефилето се одржа под мотото „Македонија во светското оро“. Костимите и маските кои ги претставуваа различните народи од светот, а направени со голема инвентивност, го привлекоа вниманието на голем број граѓани кои излегоа да ги поздрават учениците. Беа доделени и награди за најуспешни групни маски при што трета награда освоија малите Шеици, втора награда Индијанците и Индијанките, а првата награда заслужено отиде во рацете на Французите и Французинките.
Биодиверзитет
26.03.2015год
Проектот „Еколошко образование за зачувување на природата во брегалничкиот регион “ е дел од програмата Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем.Целта на проектот е заштита на природата во Македонија и подобрување и зачувување на животните услови во брегалничкиот регион, преку зајакнување и збогатување на еколошкото образование. Овој проект се реализира во сите воспитно-образовни институции во 14 општини во источна Македонија меѓу кои и нашата општина.
Франкофонија
24.03.2015год
На ден 24.03.2015год во холот на училиштето беше одржана приредба по повод одбележување на месецот на фракофонијата. Учениците од осмо одделение не почестија со пригодни точки на француски јазик. Членки на франкофонијата се земјите во кои се зборува францускиот јазик, како прв или втор службен јазик или земји во кои се изучува францускиот јазик. Македонија е членка на франкофонијата од 2006 год.
Меѓународен ден на среќата
20.03.2015год
На 20.03.2015 година во нашето училиште се одржа приредба со која беше одбележан Меѓународниот ден на среќата. Иницијативата за овој настан произлезе од учениците од четврто одделение кои со голем ентузијазам се подготвија за приредбата. Преку своите изведби учениците пратија порака до сите присутни дека среќата треба да ја делиме, да научиме да ја пронајдеме во секој од нас, во секоја наша постапка, во секој изговорен збор. Едноставно, секој ден треба да бидеме среќни!
Меѓународен натпревар по математика „Кенгур“ 2015
19.03.2015год
Во ООУ „Кирил и Методиј“ Свети Николе, на ден 19.03.2015год, со почеток во 11.00 часот се одржа Меѓународниот натпревар по математика „Кенгур“ 2015. На натпреварот учествуваа вкупно 78 ученици од I до IX одделение. Натпреварот е во организација на Сојузот на математичари на Македонија, а истоверемено се одржува во околу шеесет држави. Со организацијата на овој натпревар, училиштето им овозможува на учениците да учествуваат и да ги покажат своите знаења и умешноста.
Светски ден за заштита на водите
Основното општинско училиште ,,Кирил и Методиј”, во рамки на проектот „Eколошка едукација во македонскиот образовен систем“, го одбележа 22 март - Светски ден за заштита на водите. По тој повод нашето училиште организира спортски активности во кои учество зедоа најмалите ученици од нашето училиште, учениците од I одделение.
Традиционално, приредба посветена на ден поврзан со срцето на човештвото, неговата нежност, украс и утеха, денот на жената
6.3.2015 год.
5 март – Ден на енергетската ефикасност
Во рамките на проектот „Eколошка едукација во македонскиот образовен систем“, учениците од ООУ ,,Кирил и Методиј”, го одбележаа 5 март – Денот на енергетската ефикасност со едукативна трибина и едукативен штанд. Целта на трибината беше да се подигне свеста на учениците за заштеда на енергијата, практични совети и користење на алтернативни извори на енергија…
Симулација(вежба) на Општинското противпожарно друштво во основното училиште „Кирил и Методиј“
03.03.2015год
На ден 03.03.2015 година во основното училиште Кирил и Методиј беше изведена симулација –вежба на Општинското противпожарно друштво. Во оваа акција зедоа учество сите ученици и наставници од училиштето.
Симулација беше изведена на начин што,при вклучување на алармот во училиштето следеше дојава на противпожарната служба и итна помош.
Учениците изведоа евакуација во случај на пожар,по план изготвен од противпожарното друштво на Свети Николе.
Целта на оваа акција е заштита на учениците и вработените во училиштето и правилно реагирање во случај на пожар.
Симулација беше изведена на начин што,при вклучување на алармот во училиштето следеше дојава на противпожарната служба и итна помош.
Учениците изведоа евакуација во случај на пожар,по план изготвен од противпожарното друштво на Свети Николе.
Целта на оваа акција е заштита на учениците и вработените во училиштето и правилно реагирање во случај на пожар.
Празнување на прочка
20.02.2015год
Прочка или Велики Поклади, во православното христијанство ден на меѓусебно простување на верниците. Една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, следејќи го примерот на Господ, Исус Христос, за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето. Учениците од нашето училиште преку своевиден дијалог го доловија празнувањето на прочка.
Општински натпревар во кошарка
Општински натпревар во Кошарка-машки и девојчиња. Пласман-машки 1место и загарантирано учество на зонски натпревар-Пробиштип на 06.03.2015год
Превенција од грип
Со цел едукацуја за превенција од вирусот на грип, овој пат решивме да излеземе од рамките на читање на сувопарните препораки како да се заштитиме од иститот. Ученици од деветто одделение на ден 18.2.2015г. во сите паралелки од прво до петто одделение изведоа кратка драматизација која со воодушевување беше восприемана од оваа возрасна структура. Да се надеваме дека пораките за заштита од овој, деновиве актуелен проблем ќе бидат прифатени од учениците.
Намалување на насилството во училиштата
03.02.2015год
Во рамките на проектот ,,Намалување на насилството во училиштата“ беше одржана ликовна работилница на која талентираните ученици од предметна настава цртаа на истата тема и своите цртежи ги истакнаа на ликовната изложба која се организираше во холот на училиштето .
Овој проект веќе трета година е дел од Националната програма за справување со насилство,задолжително за секое училиште
Во рамките на проектот ,,Намалување на насилството во училиштата“ беше одржана ликовна работилница на која талентираните ученици од предметна настава цртаа на истата тема и своите цртежи ги истакнаа на ликовната изложба која се организираше во холот на училиштето .
Овој проект веќе трета година е дел од Националната програма за справување со насилство,задолжително за секое училиште
Освоено прво место во мал фудбал
22.12.2014 год
Екипата во мал фудбал од ООУ „Кирил и Методиј“ го освои првото место на патрониот празник на ООУ „Даме Груев“ - с.Ерџелија
Трибина - Свети Николај
17.12.2014 год
По повод патрониот празник на нашиот град, оваа година на еден симболичен начин и нашето училиште се вклучи во прославувањето на Свети Николај. Преку понудената програма се обидoвме поблизу да го претставиме овој многу значаен светителски лик во христијанството воопшто. За нас е уште поголемо значењето, но и обврската што ни ја дава светителот токму поради фактот што неговото име е и име на нашиот град.
Наш гостин беше ѓаконот Кире Трајанов, поранешен наставник по предметот православна христијанска веронаука, а сегашен магистер и асистент на Богословскиот факултет во Скопје. Тој преку едно кусо обраќање ни откри некои интересни моменти поврзани со Свети Николај. На трибината беа присутни ученици од шесто одделение, кои оваа година го слушаат изборниот предмет запознавање со религиите како и претседатели на паралелки од шесто до деветто одделение. Учениците поставуваа прашања поврзани со животот на Свети Николај, значењето на празникот за нашиот град, начинот на прославување итн.
Трибина по иновации:
Гостин претприемач од локалната заедница
15.12.2014год.
Согласно наставниот план и програма по предметот иновации во деветто одделение, за учениците да се стекнат со практични искуства, се одржа трибина со гостин претприемач од локалната заедница, Сергеј Андонов, на која тие се запознаа со претприемничкиот процес низ кој тој поминал, искуствата и ризиците со кои се соочил. Имаа можност да поставуваат прашања и да ги споредат своите теоретски познавања од оваа област со реално искуство на пазарот.
Спортски игри
Поради големиот интерес за спортските активности, по повод одбележувањето на празникот Свети Климент Охридски, на ден 4.12.2014год. во спортската сала Цар Самуил, учениците IV одд. од нашето училиште уште еднаш ја пренесоа пораката за јакнење на спортскиот дух преку организирање на спортски игри. Задоволството на сите учесници, без разлика на освоените места, беше повеќе од големо.
Ден на дрвото, есен, 2014
03.12.2014год.
На ден 3.12.2014г., во нашето училиште се спроведе акција за одбележување на Ден на дрвото, есен, 2014. Учениците и вработените од училиштето со нескриено задоволство дадоа свој придонес во „засадувањето на својата иднина“
Фудбалска екипа од ООУ „Кирил и Методиј“
Екипата во мал фудбал од ООУ „Кирил и Методиј“ го освои третото место на зонскиот турнир во Пробиштип на 04.12.2014 год.
Меѓународен ден на лица со посебни потреби
02.12.2014год.
По повод 3.
декември, Меѓународниот ден на лица со посебни програми, училиштето организираше
програма на која се стави акцент на потребите и проблемите кои ги имаат лицата
со посебни проблеми, но и на еднаквоста и потребата за нормално функционирање
во општеството.
Недела на борба против зависности
25.11.2014 год.
Со цел одбележување на Недела на борба против зависностите, ООУ „Кирил и Методиј“, Свети Николе, на ден 25.11.2014г. со почеток од 17.30 часот организираше проект - трибина за учениците од VIII и IX одд. Преку соодветна програма беше упатена јасна порака до оваа возрасна категорија за штетното влијание и последиците од употребата на дрогата, тутунот и алкохолот. Гости на трибината беа д-р Снежана Митева Чавдарова и инспектор за превенција при МВР, Свети Николе, кои споделија свои видувања околу темата од нивната област.
Светски ден на детето 19.11. 2014 год.
Годинава одбележувањето на Светскиот ден на детето, ООУ ,,Кирил и Методиј”, го прослави на поинаков начин. Покрај учениците, тие направија одличен спој на ученици, наставници и родители, со спортот ги споија сите заедно, радоста на децата беше непроценлива, а дружењето беше неизбежно…
Училишна приредба по повод Месецот на книгата
По повод завршувањето на Месецот на книгата, во нашето училиште на ден 13.11. 2014 год. се одржа училишна приредба, во која учениците преку кратки драматизации ги претставија волшебните тајни на книгата. Сонот на малото девојче Златка за „Златното јаболко“ не поведе во светот на бајките, кога Зоки Поки учеше да брои не врати во детството, итроштините на Итар Пејо ни предизвикаа насмевки на лицето, наградените песни ни дадоа поттик да се оддалечиме од компјутерската технологија и да се посветиме на нејзиното величество КНИГАТА, а малата Здравка беше воодушевена од сето она што го дозна за книгите.
Книгата е нашето најголемо богатство. Таа крие многу смеа, многу радости, другарства, љубов, таа крие многу тајни. Ако постојано ја имаш крај себе никогаш нема да бидеш осамена! –ни порача мајка и на Здравка.
ДА И ДОЗВОЛЕМЕ НА КНИГАТА ДА БИДЕ НАША ВЕЧНА СОПАТНИЧКА, ТОГАШ НАШАТА ПРИКАЗНА
НИКОГАШ НЕМА ДА ИМА КРАЈ...
Книгата е нашето најголемо богатство. Таа крие многу смеа, многу радости, другарства, љубов, таа крие многу тајни. Ако постојано ја имаш крај себе никогаш нема да бидеш осамена! –ни порача мајка и на Здравка.
ДА И ДОЗВОЛЕМЕ НА КНИГАТА ДА БИДЕ НАША ВЕЧНА СОПАТНИЧКА, ТОГАШ НАШАТА ПРИКАЗНА
НИКОГАШ НЕМА ДА ИМА КРАЈ...
Литературна творечка работилница
По повод одбележување на Месецот на книгата, на ден 10.11.2014г. со почеток во 13 часот во просториите на училиштето се одржа Литературна творечка работилница. Темата на која твореа учениците беше соопштена пред самиот творечки чин при што по проследената презентација, ја замоливме нашата гостинка од ТВ Свет да ја предожи истата. Работилницата имаше општински карактер и на неа зедоа учество ученици од нашето училиште , но и од ООУ „Гоце Делчев“, Свети Николе.
Hallowen- ноќ на вештерките
Нова навика која во последните години се промовира како резултат на се поголемата глобализација, па веќе традиционално се одбележува и во нашето училиште од страна на предметните наставници по англиски јазик. И оваа година на ден 31.10.2014 год. во холот на училиштето се реализираше одбележување со „најстрашната“ приредба од слатките вештерки, вампири духови итн.
Посета на „Халк“ банка – Свети Николе
По повод Светскиот ден на штедењето учениците од ООУ „Кирил и Методиј“ беа во посета на Халк банка во нашиот град. Во банката беа пречекани од директорката на банката – госпоѓа Снежана Димитрова и останатите вработени во банката. Преку разговор директорката ги запозна учениците со начинот на работа на банката, со услугите кои ги нудат на граѓаните. Посебен акцент стави на штедењето, за важноста и потребата од штедење. Учениците беа љубопитни и поставија интересни прашања кои директорката со задоволство им ги одговараше. Најголем интерес им предизвика банкоматот и начинот на кој тој ги издава парите на граѓаните. На крајот од посетата претседателот на паралелката на директорката и врачи цртеж кој тие претходно го изработија како спомен од нашата посета на банката. Учениците добија и прикладни подароци од банката, што им предизвика радост и задоволство.
Светска недела на италијанскиот јазик
По повод Светската недела на италијанскиот јазик, нашето училиште во кое италијанскиот јазик се изучува како втор странски јазик организираше проекција на популарниот италијански филм, „Среќичка во вреќичка“. Ваквиот настан беше организиран благодарение на соработката на училиштето со Агенција за филм, Џифони, Италијанската амбасада и ОУ Дом на култура, Св. Николе.
Изложба на книги
По повод месецот на книгата училиштето организираше еднонеделна изложба на книги од библиотечниот фонд.
Историско - литературен час
23. Октомври - Ден на македонската револуционерна борба. Пред 121 година во Солун е испишана вечната страна на македонизмот. Денот кога е вкоренета идејата за конечно ослободување на Македонија и втемелување на националниот идентитет. На ден 22.10.2014 год. со цел потсетување на аманетот на нашите предци и славење на нашата историја, училиштето организираше историско-литературен час со пригоден осврт.
Ден на пешачењето
Во време на се поголемото глобално загадување, во рамките на одбележувањето на Денот на пешакот учениците од нашето училиште преку своето дефиле со соодветни пароли, успешно ја пренесоа пораката до јавноста за придобивките од пешачењето и за здравјето на луѓето, но и за зачувување на нашата планета.
Ноќни трки
На ден 10. 10. 2014 год. во организација на градоначалникот Зоран Тасев, Локалната самоуправа и наставниците по физичко и здрвствено образование беа организирани Н о ќ н и т р к и во кои учествуваа основните и средното училиште од општината.
На трките учениците од нашето училиште ги освоија следните места:
име и презиме категорија освоено место
1. Славева Јована IV и V одд. - ж I (прво) место
2. Митевски Јован IV и V одд. - м II (второ) место
3. Алексова Александра V и VI одд. - ж III (трето) место
4. Тодосов Аритон VIII и IX одд. - м III (трето) место
5. Спасов Дамјан VIII и IX одд. - м II (второ) место
На трките учениците од нашето училиште ги освоија следните места:
име и презиме категорија освоено место
1. Славева Јована IV и V одд. - ж I (прво) место
2. Митевски Јован IV и V одд. - м II (второ) место
3. Алексова Александра V и VI одд. - ж III (трето) место
4. Тодосов Аритон VIII и IX одд. - м III (трето) место
5. Спасов Дамјан VIII и IX одд. - м II (второ) место
Приемот на првачињата во Детската светска организација
Во рамките на завршувањето на Детската недела, на ден 10.10.2014г. со почеток од 13.30 ч. во спортската сала Цар Самуил беше организирана приредба по повод приемот на првачињата во Детската светска организација. Топло добредојде им посакаа учениците од второ одделение преку нивните прекрасни изведби.
Прием на првачињата
На најмалите во нашето училиште, на нашите првоодделенци, им беше посакано добредојде со пригодна приредба во холот на училиштето. Нашите третоодделенци измамија насмевки на лицата на сите присутни и придонесоа уште на првиот училишен ден првачињата да се почувствуваат добредојдени.