Реализирани активности во учебната
2017-2018 година
Работилница одржана од страна на МВР-инспектор за превенција Илија Бетувски
,,Полицијата и безбедноста на учениците“ и ,,Безбедно да ги прославиме новогодишните и божиќните празници„
На ден 11.12 2017 година понеделник во просториите на нашето училиште во соработка со ПС-Свети Николе,оделение за превенција се одржа работилница на темите ,,Полицијата и безбедноста на учениците“ и ,,Безбедно да ги прославиме новогодишните и божиќните празници„.Работилниците ги реализираше инспекторот за превенција Илија Бетувски и лицето кое е задолжено за безбедноста во и надвор од училишниот двор Јасна Савева на учениците од шесто одделение на која беа присутни и одделенските раководители и стручната служба.
Учениците беа запознаени со законските одредби за јавниот ред и мир и казнените одредби за нарушување на истите.
На втората работилница беше презентирано како да се поминат безбедно новогодишните и божиќните празници, како изгледаат пиритехничките средтства кои се употребуваат за време на различни прослави и кои се последиците од несовесно користење. Несоодветното користење на овие пиротехнички сретства (петарди, фаќели, огномети, бакли...) нанесуваат различни лесни и тешки телесни повреди.

Работилница одржана од страна на Црвен Крст на тема
,,Полово преносливи болести„
На ден 07.12 2017 година нашето училиште во соработка со волонтерите на Црвен Крст одржаа работилница на тема ,,Полово преносливи болести„.На работилницата беа присутни учениците од деветто одделение на кои им беше презентирано за половите заразни болести, превенција, заштитата, како и за последиците од истите.
Oбележувањето на месец на борба против зависностите
Во рамките на одбележување на Месецот на борба против зависностите, на ден 24.11.2017 год. во просториите на салон библиотека при ОУ Дом на култура „Крсте Петков Мисирков“ беше реализирана проект-трибина за дрогата, тутунот и алкохолот. На трибината ѝ претходеше повеќеминутна програма подготвена од учениците од осмо и деветто одделение кои се претставија со ритмичка точка преку звуците на песна која носи силна порака против употребата на големото зло на денешнината, дрогата. Во продолжение следеа две драматизации: „Долу кралот Тутун, царицата Дрога и императорот Алкохол, да живеат Убавината, Добрината и Разумот“ и „Кажи не“. Двете драматизации беа со недвосмислена цел, да се апелира до најризичната возрасна категорија од нашето училиште да го одберат вистинскиот правец во животот кој води кон успехот и задоволството, односно да стојат понастрана од сите оние ужасни страсти кои беа истакнати како најужасни зла човекови. Овој апел беше пренесен и преку водителскиот и наративниот дел од оваа програма.
Настанот се реализираше преку соработка со МВР ПС Свети Николе чиј претставник беше инспекторот за превенција, г-дин Илија Бетувски кој имаше исцрпно излагање во врска со законските одредби во врска со конзумирањето и дистрибуцијата на овие супстанци и со Здравен дом, Свети Николе, преку излагањето на г-ѓа Лидија Спасев , д-р по општа медицина, која ги доближи до учениците штетните последици од истите во однос на здравјето на личноста и во однос на психо-физичкиот развој на личноста.

Октомври – месецот на штедење
Во НЛБ Банка на 30.10.2017 свечено се отвори изложбата на детски цртежи на тема штедење и истражување. Изложбата ја отворија Антонио Аргир - Претседател на Управниот одбор на Банката и македонската уметница Анкица Влашиќ- Гроздоска. Нашите ученици неколку години по ред учествуваат на овој конкурс и воедно го одбележуваме Октомври – месецот на штедење. Ученичката Анастасија Серафимова од I-3 одд. беше дел од 20-те наградени од стручното жири.
Нашето училиште со нова фасада
„Детска недела 2017“
По повод детската недела која секоја година се одбележува во првата полна недела во месец октомври, ООУ„Кирил и Методиј“ спроведува повеќе активности . Оваа учебна година активностите се спроведоа во периодот од 2.10 до 6.10. 2017 година под мотото ,,Во нашиот свет сите сме еднакви“ .
Најмалите ученици со нивните цртежи го разубавија училишниот двор, а подоцна нивните насмеани лица кои беа забележани од фотоапаратите го украсија училишниот хол под мотототo ,,Најубава е детската насмевка,,
Во активностите предвидени по повод детската недела учество земаа и учениците од второ до деветто одделение преку читање на делови од Конвенцијата за детските права, ликовни работилници, штафетни игри и предавања во Центарот за социјална работа.
Свечениот прием на првачињата во Детската организација се одржа на 06. 10. 2017 год. (петок) на завршната приредба во спортската сала „Цар Самоил“.