Реализирани активности во учебната
2020-2021 година
Добредојдовте првачиња !
Нашето училиште се збогати со 65 нови ученици. Дечиња со мали умни главчиња, кои за прв пат седнаа во училишните клупи желни за знаење. Возбудени влегоа во светот на буквите и бројките, новите знаења и нови пријателства, кои се надеваме ќе им траат навек. Нивните другарчиња од 3то одделение им подготвија кратка приредба за добредојде, а наставничките ги пречекаа со насмевки. Упатуваме голема благодарност на компанијата ,,ЛИОН“ Свети Николе кои и оваа година подарија пакет слатки производи на секое прваче.
Среќен почеток првачиња !
Среќен почеток првачиња !
Десеминација на наставниците за користење на националната платформа за учење на далечина
Работно попладне во ООУ ,,Кирил и Методиј" Свети Николе - се врши интерна десеминација на наставниците за користење на националната платформа за учење на далечина. Обучувачи се наставниците Сања Накова, Соња Петкова, Тодорка Ордева, Жаклина Трајанова и Тони Цветковски.
Почитуваме за наше здравје, за наш успех
Децата се нашето најголемо богатство, нашата гордост, нашата радост и нашата иднина. Сите деца имаат еднакви права и на сите треба да им се даде неопходната поддршка и да им се овозможат еднакви можности. Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет.
Првата полна недела од месец октомври се одбележува Детската недела со разни активности во сите држави членки на ООН. Во рамките на Детската недела сите земји членки на ООН треба да стават посебен акцент на детето и на правата на детето предвидени во законските регулативи имплементирани кај нас, а кои произлегуваат од Конвенцијата за правата на детето при ООН.
Годинава Детската недела ja обележавме само симболично преку цртање од страна на учениците во училишниот двор под мотото поврзано со актуелната состојба со коронавирусот кое гласи ,,Почитуваме за наше здравје, за наш успех.“
Среќен прием првачиња во Детската организација !