Реализирани активности во учебната
2019-2020 година
Зимско возење велодипед
Денес во рамките на „ВЕЛО" проектот, како ВЕЛО-училиште, реализиравме активност ,,Зимско возење велодипед".
Наши ученици од 4то и 5то одделение денес дојдоа на училиште со велосипеди и на часот по физичко и здравствено образование сите заедно возеа во училишниот двор.
Сакаме со ова да упатиме порака до сите возрасни дека можат и тие како во западноевропските држави да одат на работа со велосипеди.

На ден 25.12.2019 нашите ученици одржаа прекрасна приредба во амфитеатарот на МСУ ,,Державин". Ни упатија најубава новогодишна честитка и ни стоплија срца. Нека ни е среќна Новата 2020, нека ни донесе многу петки, безрезервно другарство и безгрижни детски денови !
СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
Во чест на првиот македонски архиепископ и творец на Охридската книжевна школа, Свети Климент, нашите ученици на 05.12.2019 под раководство на наставниците Aneta Ivanovska, Snezana Naumova, Anastazija Sazdova и Toni Toti Cvetkovski ни подготвија пригодна свечена манифестација во Домот на културата на која гост со свои изведби ни беше и црковниот хор.
„Нема ништо посилно од љубовта“
Различни, а еднакви!
Рака за рака фатени, срца сплотени, без предрасуди, заедно во секојдневните предизвици, нашите ученици можат многу што да им покажат на возрасните. Срца ни стоплија денес нашите и учениците на ООУ ,,Гоце Делчев" Свети Николе со нивните инклузивни настапи.

„Меѓуврсничко насилство - Не во моето училиште“
На ден 25.11.2019 година во Домот на културата „К. П. Мисирков“ Свети Николе, нашето училиште одржа трибина под мотото „Меѓуврсничко насилство - Не во моето училиште“, во соработка со МВР Полициска станица Свети Николе и МСУ „Державин“, наменета за сите ученици од 5то до 9то одделение. На трибината беше прикажан поучен видео-материјал, драматизација подготвена од наши ученици како и говори на темата од страна на полициски инспектор г-дин Илија Бетувски и проф.д-р по Психологија, г-дин Мирослав Пендаровски. Се надеваме дека со овој настан пративме јасна порака до нашите ученици за сузбивање на оваа негативна, асоцијална појава.
По повод месецот на борба против зависности нашите стручни соработници изработија брошура која им беше поделена на учениците со информации за штетноста, опасностите и ризиците од користењето на опојни и наркотични средства како и совети каде и на кого можат да се обратат за помош.
Најголемиот час на светот
Во периодот од 28.10.2019 до 01.11.2019 нашето училиште се приклучи кон одбележувањето на „Најголемиот час на светот“ кој произлегува од усвоената резолуција на Обединетите нации за „Трансформирање на нашиот свет: Агенда 2030 за одржлив развој “.
„Најголемиот час на светот “ беше одржан во сите паралелки од 4то до 9то одделение со различни активности.
Чествувајќи ја 30-годишнината од Конвенцијата за правата на децата, нашите ученици размислуваа, дискутираа и твореа како го замислуваат идниот свет во кој сите права на децата се остварени и им е обезбедена одржлива иднина.

Донирај со срце и со љубов
На 25.10.2019 по повод одбележувањето на XIX седмица на италијанскиот јазик во светот, наставничките по италијански јазик од нашето училиште и од ООУ ,,Гоце Делчев" Свети Николе организираа хуманитарна акција заедно со учениците кои го изучуваат овој јазик под мотото ''Dona con il cuore e con l'amore'' - „Донирај со срце и со љубов".
Учениците донираа италијанска храна која по завршувањето на акцијата беше предадена во Црвен Крст.
Браво дечки ! Бидете така хумани секогаш !
Месец на книгата
На 22.10.2019 по повод Месецот на книгата нашето училиште беше посетено од тимот на издавачката куќа Просветно дело од Скопје, придружени од училишниот библиотекар Катерина Митева. Децата се запознаа до главниот уредник на списанието „Росица“ - Ксенија Маказлиева Трајчева, писателот Ванчо Полазаревски и графичкиот илустратор Сузана Томовска. Тие во директна и весела комуникација со децата ги претставија омилените детски списанија „Росица“, „Развигор“ и „Наш Свет“ кои со децении се читани од страна на учениците. Присутните гости ги запознаа децата со нивната работа во креирањето на списанијата, слушаа со задоволство приказни од Ксенија Маказлиева Трајчева и детски песни од творештвото на писателот Ванчо Полазаревски. Графичкиот илустратор Сузана Томовска ги запозна учениците со начинот и инспирацијата во креирањето илустрации во омилените списанија. Посетата беше исполнета со детски насмевки, уживање во приказните и песните на авторите. Задоволни и гостите, а најмногу учениците задоволни од дадената можност од блиску да се запознаат со тимот кој ги креира и создава нивните омилени списанија.
На 5.11.2019 во нашето училиште се одржа ликовна работилница по повод Месецот на книгата на која наши ученици својата љубов кон книгата и читањето ја изразија преку различни ликовни техники.
Прекрасните ликовни творби ни го красат училишниот хол.
На 8.11.2019 во нашето училиште се одржа завршна приредба по повод ,,Месецот на книгата" на кој наши ученици од трето и четврто одделение се претставија со прекрасни точки.
Учениците кои зедоа учество на ликовните и поетски работилници беа наградени со пофалници, а ученичката Евдокија Маркова која освои 3 први места овој месец - на поетска работилница, литературен конкурс и општински натпревар ,,Млади библиотекари " беше наградена со 3 романи-бестселери.
На приредбата ни присуствуваа и се претставија со своите трудови, гости од ООУ ,,Блаже Конески"Велес, наставничката Светлана Бобевска и дел од нејзините ученици кои заедно со неа издале книга-збирка на поеми. Ни подарија и зимзелено дрво кое заеднички го засадивме во училишниот двор во знак на почеток на една плодна соработка.

Детска недела под мотото „Имаме право на среќно детство“
Со разни активности во сите држави членки на ООН во првата полна недела од месецот октомври се одбележува Детската недела.
Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика од денеска ја почнуваaт Детската недела под мотото „Имаме право на среќно детство“.
Во нашето училиште почнавме со почетните активности - првачињата ни го разубавија училишниот двор со својата креативност и имагинација.

Во рамките на Детската недела нашите првачиња го украсија училишниот хол со свои фотографии со што симболично уште еднаш ја потврдија својата припадност на нашето големо семејство и потоа заминаа на посета на НЛБ Банка каде по повод Месецот на штедењето научија дека ,,Вреди да се штеди “.
Детската недела ја крунисавме со свечена приредба под мотото „Имаме право на среќно детство“.
Учениците од второ одделение во чест на приемот на првачињата во Детска светска организација ни приредија празник за очи и уши во Спортската сала „Цар Самуил“.
Среќно првачиња !
Учениците од второ одделение во чест на приемот на првачињата во Детска светска организација ни приредија празник за очи и уши во Спортската сала „Цар Самуил“.
Среќно првачиња !
Европска недела на мобилност
Европска недела на мобилност во ООУ„ Кирил и Методиј “ Свети Николе.
Учениците беа доста активни деновиве. Возеа велосипеди на училишниот сообраќаен полигон, совладуваа препреки, учеа за сообраќајни правила, безбедно возење велосипед и развиваа вештини. На часовите реализираа повеќе вежби на теми поврзани со велосипедизам.
Во вежбата „велосипедски делови“ учениците беа поделени во 2 групи и имаа за задача да го решат осумнасочникот, односно да ги пронајдат зборовите кои претставуваат велосипедски делови. Секоја група решаваше два осумнасочника - еден со 10 зборови и друг со 20 зборови кои претставуваат делови на велосипед. Учениците успешно се справија со оваа активност и низ игра и разговор научија нови зборови и сите
деловите на велосипедот. Во вежбата „ЦИКЛОЛАЖ“ ,учениците беа поделени во тимови и имаа за задача да состават велосипед. Секој тим доби различни делови за различни велосипеди и заедно составија велосипед, користејки ја својата креативност и имагинација. Реализирајки ја оваа активност, учениците се запознаа со различните видови на велосипеди и со нивните делови.
Вело Родео е дел од проектот „Вело Училишта“, проект поддржан од Швајцарската Агенција за развој и соработка.

СРЕЌНО ПРВАЧЕ
Сладок момент на среќа за сите првачиња во Свети Николе.
Првачињата го започнаа првиот училишен ден со сладок момент на изненадување од Леона и бонтон за однесување во училиште.
Во училишните клупи секое прваче беше дочекано со подарок кутија "Среќно прваче" и Бонтон за деца во училиште од брендот Леона.