Реализирани активности во учебната
2022-2023 година
Играта никогаш не престанува!
Подари играчка, негувај го детето во себе!
1 ЈУНИ - ДЕН НА ДЕТЕТО
Промоција на монографија
50 години од основањето на ООУ „Свети Кирил и Методиј“
Свети Кирил и Методиј
50 години - верни чувари на светото завештание
18.05.2023
По повод патрониот празник и јубилеј од 50 години ООУ "Свети Кирил и Методиј", денес се одржа КВИЗ НА ЗНАЕЊА на кој што учествуваа ученици од IX одделение од училиштата во нашата општина: ООУ "Свети Кирил и Методиј", ООУ "Гоце Делчев", ООУ "Даме Груев" и ООУ "Методи Митевски Брицо".
Прво место освои ООУ "Свети Кирил и Методиј",
второ место - ООУ "Гоце Делчев",
трето место - ООУ "Даме Груев" и
пофалница - ООУ "Методи Митевски Брицо".
Учениците покажаа одлични знаења по сите наставни предмети.
Огромна благодарност до учесниците за учеството во квизот и им посакуваме стекнување на знаење, искуство и успех во понатамошниот образовен процес.

На ден 02.05.2023 г. волонтерите од Црвен Крст во соработка со стручната служба од нашето училиште направија презентација за Р.Турција. Учениците од V одделение беа запознаени со географската положба на Р.Турција, културните обележја на државата, храната, вредностите, нормите и обичаите на луѓето кои живеат во оваа братска земја.
12.04.2023
Во март, и OOУ „Кирил и Методиј“ од општина Свети Николе нѝ се приклучија во нашата пролетна #Вело2023 офанзива.
Во рамки на активностите што нашата Вело-Членка ги организираше со петтоодделенците беа: „Каде е велосипедот?“ „Точка до точка“ „Мојот велосипед“ и „Ајде да возиме велосипед“ преку кои, освен што се запознаваат со деловите на велосипедот, задолжителната опрема, разговараат и даваат свои предлози за дизајн на велосипеди и вело опрема.
Забавно, нели?!
Ви благодариме, ООУ „Кирил и Методиј“.
Ви благодариме наставничке, Верка Давчева!

На ден 27.03 2023 година нашето училиште во соработка со ПС Свети Николе и ОЈО Свете Николе преку свои претставници,организираше трибина за Меѓуврсничко насисилство (Булинг и Сајбер насилство). Како наши гости беа поканети Никола Митев преставник од ОЈО-Св.Николе и Игор Златановски помошник командир за превенција при ОВР Свети Николе. Резултатите добиени од анонимната анкета спроведена во нашето училиште ни беа показател дека имаме потреба како училиште да реализираме трибина за учениците од 6 до 9 одд.За жал, настаните кои произлегуваат од меѓуврсничкото насилство немаат среќен крај. Тие ситуации сами по себе се надоврзуваат една на друга и реално се без позитивна разрешница. Отворено треба да се говори за овој горчлив проблем кој е присутен во се поголеми размери, и тоа не само во нашето училиште, туку и во училиштата ширум државава.
На ден 21.03.2023 беше реализирана работилница од Always Едукативна училишна програма за пубертетот - "Се' што сакаш да знаеш за пубертетот". Во неа учествуваа девојчиња од V одд заедно со стручната служба.На учениците им беа поделени брошури-Секогаш се менуваме и растеме во кое е опфатена целата презентација. Работилницата ја реализираше претставничката на ,,Grey Worldwide LTD''- Виолета Коцева.
21 Март - Ден на екологијата и пролетта
Денес го одбележавме овој ден со неколку активности во кои сите наставници заедно со учениците земаа активно учество.
VI одд.Едукативна работилница и изработка на еко - пано;
VII одд.Садење на цвеќиња во училишниот двор и Еко работилница: "Што претставува екологијата";
VIII одд.Средување и уредување на училишниот двор;
IX одд.Средување и кроење на дрвца околу училишната зграда;
Учениците од I до V одд. пишуваа еко - пораки.

21 Март Ден на лицата со Даунов синдром. Симболично одбран датум поради трите копии на 21-от хромозом (трисомија 21) што се присутни во клетките на лицата со оваа состојба...
Нашите ученици од ООУ,,Свети Кирил и Методиј" денес направија кратка прошетка со шарени чорапи за да ја истакнат нашата огромна поддршка на еднаквост и емпатија кон лицата со овој синдром...

14.03.2023
МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАТЕМАТИКАТА, International Day of Mathematics (IDM) е 14. март, а тој ден е познат уште и како „Денот на Пи“.
Датумот е така одбран поради првите две цифри на најпознатата математичката константа π , π = 3,14…. (3 – третиот месец март, 14-от ден во месецот)
Денот на π се слави низ целиот свет, а оваа година темата е МАТЕМАТИКА ЗА СЕКОГО (Mathematics for Everyone). И оваа година нашите ученици се вклучија во неговото одбележување.
Во натпреварот помеѓу учениците во најголем број на точно запаметени децимали на бројот π најдобра беше ученичката Јана Јовева од 7-3 одд. Сите ученици во натпреварот покажаа дека не е проблем да се меморираат стотина различни децимали на бројот.
Бројот π претставен до 100-та децимала:
π=3.1415926535897932384626433832795028841971693993751058209749445923078164062862089986280348253421170679
По презентацијата за начинот на запишување на римските броеви учениците учествуваа во квизот каде што сите покажаа одлични познавања во читањето и запишувањето на римските броеви.
Најдобри во квизот беа учениците Огнен Арсевски од 6 -1 одд. и Никола Јованов од 8 – 3 одд.

08.03.2023
Мајката е симбол за безрезервна љубов, грижа и нежност.
Синоним за сила, издржливост и борбеност. Мајката е најубава инспирација за секое дете, нашите ученици, денес, најубавите стихови, мисли и мудрости ги посветија на своите мајки испраќајќи бесконечно многу љубов и исто толку насмевки.
27.02.2023
Денес во просториите на нашето училиште се одржа тактичко-показна вежба „Симулација во случај на пожар и евакуација", каде што исто така беше и презентирана дел од опремата која се користи при секаков вид на интервенции. Вежбата се спроведе во соработка со ТППЕ Свети Николе, а истата имаше за цел да го подигне нивото на подготвеност и во случај на реална ситуација навремено да се интервенира и пружи помош.

24.02.2023
Дел од нашите ученици од деветто одделение имаа можност да се запознаат одблиску со работата на Собранието, да поразговараат со дел од пратениците, да присуствуваат во просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби, собраниските седници, како и во салите во коишто се одвиваат состаноци, свечености, настани и прес-конференции.
Импресиите беа големи!
22.02.2023
Мајчиниот јазик е духовна татковина на еден народ, негово срцебиење и постоење. Да говориме и твориме на мајчин јазик бидејќи така најубаво чувствуваме. Со овие пораки, на македонски англиски,италијански и француски јазик, учениците го одбележаа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

21.02.2023
Виножито од бои, мешавина од чувства!
Денес нашите МАЛИ ученици ги отворија своите ГОЛЕМИ детски срца, ги подадоа рачињата за поддршка на лицата со ретки болести, можеби се ретки, можеби се малку, но да не дозволиме да бидат сами во својата борба! Да ја подигнеме свеста на едно повисоко ниво, да помогнеме нечиј сон да стане реалност, нечие мечтаење-живот!

13.02.2023
Посета на оперска претстава "Севилскиот бербер" и образовно едукативна обиколка низ просториите на Националната опера и балет, согласно наставниот план по музичко образование за IX одделение.

30.12.2023
Стручната служба во нашето училиште реализираше работилница за ментално здравје на тема ,,Конфликти" во V одделение, на која што присуствуваа директорот на нашето училиште и м-р Елена Ташкова, стручен соработник, специјален едукатор и рехабилитатор-логопед од ООУ ,,Гоце Делчев" - Штип, која е назначена за ментор за колегијална поддршка на стручните соработници во основните и средните училишта во рамки на Програмата за унапредување на менталното здравје на учениците од страна на БРО.

30.12.2022
Ниту еден ден од годината не е како денешниот, кога детските срца се исполнети со неизмерна радост и среќа, мислите окупирани со најразлични желби, а рацете полни со новогодишни честитки и подароци.
Стручната служба заедно со образовните асистенти декорираа со најразлични бои на радост преку работилница на која учениците со ПОП изработуваа новогодишни честитки и подароци.

28.12.2022
Кога Новогодишните желби на учениците би биле остварени, тогаш би имале: автомати за рециклирање на пластика, прифатилиште за бездомни животни, закачалки и шкафчиња во училиштето за секое дете, скејт парк, велосипедска патека, аква парк...
Дел од нашите ученици на часовите од предметот проекти од ликовната уметност, преку креативни декоративни новогодишни мотиви ги изразија своите желби за Новата 2023 година!

Полициски службеници при ОВР Свети Николе во соработка со стручната служба спроведоа работилница и ги запознаа учениците од IX одделение со опасностите и последиците од незаконската употреба на петардите и други пиротехнички средства. Учениците беа информирани и за казнените одредби со кои се предвидува санкционирање на лицата кои употребуваат петарди и други пиротехнички средства.

27.12.2022
Светнаа детските желби како ѕвездички на новогодишното небо, нашите ученици го најавија блесокот на бајката новогодишна.
Упативме најубави желби за годината што следи.
Нека ни е среќна и успешна 2023!

19.12.2022
Верни на заветот на патронот на нашиот град, Св.Николај Чудотворец, во срцето го носиме благословот и чинот на дарување. Тоа денес го покажавме со поставување на хуманитарен штанд како симбол на благословената мисија на нашиот светец.

На 12. декември се одржа последниот и финален настан од проектот на Erasmus+ програмата Heritage Youth Perspective, на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во кој што наши колешки беа дел од истиот. Културното наследство и занаетите беше дел во кој што нашето училиште имаше своја презентација вклучувајќи го сето она што беше поминато и научено од тренинг обуките во Брага и во Струга. Голема благодарност до NGO NEXT Generation за прекрасното искуство и одличните обуки. Се надеваме на идни и уште поуспешни соработки.
13.12.2022
Кампања по прва помош со обука спроведена од страна на Црвен крст и Здравен дом - Свети Николе за учениците од VIII и IX одделение под мотото "Првата помош спасува живот".

07.12.2022
Волонтерите од Црвен крст Свети Николе одржаа работилница по повод Недела на борба против ХИВ, на која присуствуваа учениците од IX одделение од нашето училиште.

07.12.2022 Свети Климент Охридски - светилникот на будните
Во чест на првиот македонски архиепископ, свети Климент Охридски, и оваа година нашите ученици му оддадоа должна признателност и благодарност на светителот наш со пригодна свечена манифестација во просториите на Дом на култура во Свети Николе. На тој начин упатуваме порака да го чуваме вечното пламенче на Светиклиментовото кандило, та заедно со целиот наш Богоблагословен народ да одиме во пресрет на полна животна радост.

04.12.2022 Меѓународен ден на лицата со попреченост
Сите ние треба да научиме дека секој е посебен и единствен на свој начин, а тоа учениците ни го покажаа и пратија порака да помогнеме во создавање на свет без бариери и граници!
По тој повод нашето училиште и ООУ ,,Гоце Делчев'' организираа настан со кој се одбележа и овој 3 Декември - Меѓународен ден на лицата со попреченост. Посебна чест ни беше бидејќи наши почесни гости ни беа лицата од дневниот центар од Свети Николе. Благодарност до Дом на култура Св.Николе за соработка.

НОЕМВРИ - МЕСЕЦ НА БОРБА ПРОТИВ ЗАВИСНОСТИ
Ја подигнавме свеста за превенција и борба против зависностите!!!
Трибина на ден 28.11.2022 со учениците од VIII и IX одделение, во просториите на Домот на културата.
Гости: волонтери од Црвен Крст и презентација од Јавен обвинител.

Последната активност по повод Месецот на борба против зависностите ја спроведе Ученичкиот парламент со изложба на изработки со пораки упатени кон сите ученици.
МЕСЕЦ НА КНИГАТА 2022
15.11.2022 Денес во нашето училиште сјаеше најубавото СОЅВЕЗДИЕ ОД ЗБОРОВИ ПОЛНИ СО УБАВИНА, денес се чествуваше книгата.
Нашите ученици беа најдобрите креатори на мудрите мисли, споделија неколку интересни факти за постоењето на книгата низ вековите, убавината на пишаниот збор ја претставија преку хамер, преку драматизација ја нагласија важноста од читањето книги.
Своите знаења од областа на прочитаните лектири ги "измерија", преку едукативен квиз, нашите мали читатели, најчестите посетители на нашата библиотека, која по повод Месецот на книгата се збогати со 1200 нови книги, благодарение на хуманитарната мисија на наставникот Иле Михајловски.
Наградени беа најдобрите уметници, поети и писатели кои учествуваа на литературниот и ликовниот конкурс. Честитки до сите нив!
Книгата нека се слави секој ден, нека продолжи да свети како соѕвездие од зборови над секој од Вас!

21.10.2022 XII Settimana della lingua italiana DILLO CON EMOJI
Недела на италијанскиот јазик во светот се одбележа и во нашето училиште. Учениците од VI до IX одделение земаа активно учество во изработка на хамери и учество на квиз.

19.11.2022
Денес ѕвонеше за забава!
Денес ѕвонеше за другарување!
Уште долго нека одѕвонува, во нашите спомени, денешното учество на нашите ученици во детската образовна емисија „Ѕвон“ на Македонската радио-телевизија.
Драги ученици, ви благодариме од срце што направивте да се чувствуваме бескрајно горди!
По повод Светскиот ден на храната во рамките на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, Ученичкиот парламент од нашето училиште изработи и подели брошури, со цел да се подигне степенот на свесност кај учениците за значењето на здравата исхрана и физичката активност.
Здравјето во голема мера зависи од начинот на исхрана. Изборот треба да биде здрава и разновидна исхрана.

Има надеж, дури и кога умот ти вели дека нема!!!
Работилница по повод 10 Октомври, Светски ден на менталното здравје.
ДЕТСКА НЕДЕЛА 2022
Да се биде дел од детската организација е достојно за восхит бидејќи тоа е организација која ги насочува децата кон почитување и помагање на другарчињата. Денес нашите ученици испратија искрени пораки и повикаа на учење, другарување, почитување... Најубаво е кога се прославува со игра и песна!
Драги првачиња, чекорете достоинствено кон новите предизвици и запомнете дека со секој нов чекор сте поблиску до исполнување на вашите соништа. СРЕЌНО!
ДЕТСКА НЕДЕЛА 2022
07.10.2022г.
Приредба со учениците од второ одделение по повод свечениот прием на првачињата во Детската организација во спортската сала Цар Самуил.

Учениците од петто одделение напишаа многу убави пораки, многу убави желби до своите другарчиња. Патувајте пораки до сите деца на овој свет, другарството нека биде причина за детската среќа!
06.10.2022 г. Работилница на учениците од петто одделение - „Порака до моето другарче“.

Децата наоѓаат среќа во малите нешта!
Нашите ученици радоста ја најдоа во меѓусебното другарување преку своите цртежи.
Сликите се вистинско огледало на среќата низ детските очи.
05.10.2022 г. Ликовна работилница на учениците од четврто одделение под мотото
„Другарството е дел од детската среќа“.

Детството е една голема игра без граници, игра исполнета со забава, многу љубов и безброј ракоплескања. Сите наши ученици станаа победници!
04.10 2022г. Активност на учениците од трето одделение:
Штафетни игри огранизирани со помош на тандем наставник по физичко и здравствено образование.

Детето има посебен начин да му додава радост на денот!
03.10.2022 г. Активност на учениците од прво одделение:
Цртање во училишниот двор - „Другарството е дел од детската среќа“

23.09.2022 - 30.09.2022
Турнир во мал фудбал по повод Европската недела на спортот помеѓу паралелките од шесто, седмо, осмо и деветто одделение од нашето училиште.
„Европска недела на мобилност“
(16.09.2022 - 22.09.2022), под мотото „Безбедни и здрави со одржлива мобилност“
По повод Светскиот ден без автомобили во нашето училиште се реализираа низа активности од страна на членовите на сообраќајната секција.
Преку активности во училница и полигонско возење на велосипед учениците упатија порака за поголема безбедност и здрава одржливост со употреба на велосипедот како превозно средство и помало користење на автомобилите како превозни средства.

Приредба по повод први септември
Драги ученици,
Ве поздравуваме и ви посакуваме среќен и успешен почеток на оваа учебна година, а вам, првачиња - топло добредојде! Се надеваме дека допринесовме овој прв училиштен ден долго да го паметите! За таа цел, свој придонес традиционално и оваа учебна година даде компанијата LEONA LION Macedonia, со своите слатки изненадувања! Тие предизвикаа насмевките кај нашите првачиња подолго да траат! Од срце им се заблагодаруваме од името на нашите ученици!