Во името на учениците упатуваме благодарност до Пекара ,,АЛГОМАК " Свети Николе кои на големиот одмор поделија бесплатен доручек на сите ученици од нивниот богат асортиман на вкусни кроасани.
Мир, толеранција и меѓусебно почитување
На 29 јануари 2020 бевме посетени од тим на невладината организација “Heavenly Culture World Peace Restoration of Light (HWPL)“ при Обединетите нации од Сеул, Јужна Кореа.
Одржаа работилница на тема ,,Мир, толеранција и меѓусебно почитување“ во паралелките II-1 и II-2 и ги наградија учениците со подароци.
Заедно учевме за богатствата кои се кријат во другарувањето, меѓусебното разбирање и соработка, хуманоста и дарежливоста.

Правилна орална хигиена
На 24 јануари 2020 година, петтото одделение го посетија стоматолог Јулијана Стојанова и нејзиниот соработник Нена Николова.
На учениците им беше одржано предавање на тема ,,Правилна орална хигиена" со цел превенција и заштита на забите, нивна хигиена и здрава исхрана.
На учениците им беше одржано предавање на тема ,,Правилна орална хигиена" со цел превенција и заштита на забите, нивна хигиена и здрава исхрана.
Октомври - месец на штедење
На 03.10.2019 на часот по ликовно образование во III-3 одделение не посети г-ѓа Елеонора Масевска Илиева вработена во НЛБ банка во Свети Николе. Дел од работата на банката е да ги запознае децата со поимот штедење па во составен дел на нивната работа е Октомври - месецот на штедење! Учениците беа запознаени со цртаните ликови Штуки и Тони, начинот на детско штедење и мотивација за остварување мали соништа со сопствен труд! На сите ученици им беа поделени боенки, книги со игри, распореди, блокчиња и креативно се изразија преку цртање. Ги мотивиравме до следниот петок да ни донесат цртежи на тема која им беше претставена па откако ќе ги собереме истите ќе бидат испратени во НЛБ банка во Скопје каде ќе ги оценува стручно жири! Најдобрите ќе бидат наградени, а цртежите ќе бидат дел од аукција од каде собраните средства ќе бидат донирани на Детската клиника за хематологија во Скопје !
Убаво и весело ни беше дружењето !
Од името на сите ученици и наставникот Иле Михајловски благодарност до г-ѓа Елеонора Масевска Илиева и НЛБ Банка!
Убаво и весело ни беше дружењето !
Од името на сите ученици и наставникот Иле Михајловски благодарност до г-ѓа Елеонора Масевска Илиева и НЛБ Банка!
ЗА ЧИСТО СВЕТИ НИКОЛЕ, СО ВЕЛОСИПЕД ДО ДОМА
ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ
На 19 септември 2019 година, општина Свети Николе се вклучи со своја акција ЗА ЧИСТО СВЕТИ НИКОЛЕ, СО ВЕЛОСИПЕД ДО ДОМА, во ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ.
Ученици од основните училишта заедно со своите ментори одржаа ревијална трка со велосипеди низ центарот на градот.
Ученици од основните училишта заедно со своите ментори одржаа ревијална трка со велосипеди низ центарот на градот.
Среќно прваче
Упатуваме огромна благодарност до компанијата ,,ЛИОН “ Свети Николе која денес приреди слатко изненадување од нивни производи на секоe наше прваче и измами искрени, детски насмевки!
Работилница ,,Лекар, стоматолог, амбуланта“
На ден 30.1.2019 година во III-4 одделение се одржа работилница на тема ,,Лекар, стоматолог, амбуланта “, по предметот Општество во соработка со д-р Оливер Трајчев и д-р Ирина Трајчева, специјалист по Ортодонција кои одржаа предавање за здрава храна, одржување здравје на рбетен столб и усната празнина. Им благодариме за соработката и поучното предавање !