21 март – Ден на екологијата
21.03.2018 год.
Под мотото „Засади цвет - разубави го целиот свет“, учениците од ООУ „Кирил и Методиј“ го одбележаа Денот на екологијата со садење на цвеќиња за хортикултурно уредување на училишниот двор, со една единствена цел, подигање на еколошката свест кај учениците на едно повисоко ниво.
Оваа активност е приближување на еко стандардот 4: Уреден и еколошки училишен двор, како дел од проектот „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образован систем“, во кој проект е вклучено и нашето училиште.

„Eколошка едукација во Македонскиот образовен систем“
22.10.2015год
Во рамки на проектот „Eколошка едукација во Македонскиот образовен систем“, учениците од еко-одборот од основното општинско училиште ,,Кирил и Методиј”, го одбележаа 22 октомври – светскиот ден на енергијата со еко-патрола низ просториите во училиштето. Целта на патролата беше да се подигне свеста на учениците за заштеда на енергијата и максимално искористување на сончевата енергија.

5 март – Ден на енергетската ефикасност
Во рамките на проектот „Eколошка едукација во македонскиот образовен систем“, учениците од ООУ ,,Кирил и Методиј”, го одбележаа 5 март – Денот на енергетската ефикасност со едукативна трибина и едукативен штанд. Целта на трибината беше да се подигне свеста на учениците за заштеда на енергијата, практични совети и користење на алтернативни извори на енергија…